Летното сметање на времето почнува ноќва во 2 часот по полноќ (31 март), кога часовниците се поместуваат еден час понапред, односно од 2 на 3 часот. Летното сметање на времето ќе трае до последниот викенд во октомври, во 3 часот.
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за првпат е направено во 1916 година, во земјите на северот на Европа, поради заштеда на енергија, додека во Македонија, како дел од поранешна Југославија е воведено на 27 март 1983 година.
Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви.
Имаше и дебати за потребата за укинување на оваа мерка, но земјите-членки на Европската Унија не постигнаа договор за трајна имплементација на зимско или летно сметање на времето.