ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Прелетувачи, женете се, само без помпезни зборови, ве молам!

April 1, 2024 10:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Во историјата на парламентарниот живот на Македонија се случувало човек да ја напушти партијата – откако добил сè од таа партија – па отишол во некоја друга и таму си го барал својот, најчесто страшно беден личен интерес. Се случувало, скоро секогаш, таквиот човек својот чин да го „образложи“ многу „силно“ и „принципиелно“: „Мојата, сега веќе бивша партија, ги изневери моите очекувања, а начелната програма за сегашната партија отсекогаш ми лежела при срце. Ова го правам во име на мојата нова партија, во интерес на моите гласачи; ова го правам за својот град“.

Признајте ми, ве молам, колку пати до сега имате слушнато вакви и слични удварачи? Со право одредени граѓани ваквите ги нарекуваат „прелетувачи“. Таквите билмези, најчесто, и таму кај што одат, де во една, де во друга партија, во зависност од контекстот, носат само штета, многу ретко носат некоја позитивна промена. Практично не носат никогаш ништо добро, ниту за партијата во која одат, ниту носат нешто добро за својот град.

Така доаѓаме до нов феномен во нашиот политички живот, што сега ќе го наречеме „феномен на мажачка“. Овој термин не е навредлив – sui generis – само што малку ми влече на пежоративност. Младата невеста не е „девојка за мажење“, туку изгледа како „стара мома“, „очајничка“, која по секоја цена мора да најде  нов „младоженец“. Што побрзо тоа подобро.

Оваа појава, се разбира, има свој политички легитимитет. Во политичарскиот систем од „вредности“ врвен успех е да се дојде на власт и остане на власт. Тоа што му смета на добриот вкус е загадувањето на јавната атмосфера и помага опасната магла во медиумите непрекинато да се шири, а во главите на таквите „актери“ кој знае каква конфузија демне.

Ве молам, удварачи, оженете се, само без помпезни зборови!

Само немој да ми ги објаснуваат своите програмски сличности (кои програмски сличности, ајвани едни!) кои се во интерес на граѓаните и државата во целина! Прво, затоа што е страшно глупаво, второ, знаеме зошто пребегуваат. Не пиеме ние нафта, море!

И ако веќе прелетуваат, нека облечат бело, не мора да ни се правдаат со својата невиност, знаеме и тоа дека не се невини. А на ајдуците кои планираат да ги приграбат овие мали и кревки удварачи, нека им е господ напомош!

Се обидов да ви го опишам овој феномен најсликовито што можев. Секој друг и поинаков коментар ми беше бесмислен за опишување. Единствено што не ми беше јасно за која цена се имаат договорено и кои места ги имаат побарано. За тоа ќе почекаме во времето кое ни доаѓа.

Ама, сепак, барем на нас, оние кои не сме од вчера, ни останува горкиот вкус пред призорот од ниска гранки на кои запаѓа „плуралноста“ – која никогаш и не била на високи гранки. Се плашам дека доаѓа време на дилбери кои за мали пари ќе снимаат политички спотови и ќе лупетаат политички „ридикулизми“, пентерејќи се по хиерархиите на новите партии, а потоа на нивното царство нема да му се види крајот.

Добра вест е што во таквите царства ќе има говненциња колку ми сакаш.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌпрелетувачи
Next Post

Ердоган го призна изборниот неуспех: Опозицијата во Турција jа задржа контролата на локалните избори

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk