ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието го пролонгира до крајот на 2026 година рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид

April 1, 2024 16:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска, во рамки на 150. седница, го донесе Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци – Штип и патната делница Кичево – Охрид. Пратениците му дадоа „зелено светло“ и на Законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, како и на Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Сите закони беа донесени едногласно, без расправа и по скратена постапка.

Со Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид се предвидува до крајот на 2026 година да се пролонгира рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид за што Владата минатата недела на седница утврди предлог одредби за законски дополнувања со цел склучување нов, шести по ред анекс на Договорот за изградба со кинески „Синохидро“.

Автопатската делница Кичево-Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколку анекси на Договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра. Тој износ според Министерството за транспорт и врски нема да се менува и покрај пролонгирањето на рокот.

Изведувачот се обврзува во рок од 28 дена од денот на потпишувањето на Анексот бр.6 кон Договорот, да поднесе ажурирана Програма за работа согласно Општите и Посебните услови на договорот – ФИДИК црвена книга со временски распоред на планот за разрешување на преостанатите нерешени прашања како и пуштање во сообраќај и примопредавање на секоја подделница посебно. Исто така, предвидено е формирање посебна работна група составена од претставници на Владата, Министерството за транспорт и врски, ЈП за државни патишта, Надзорот, Изведувачот и други релевантни страни и институции се со цел навремено решавање на отворените прашања.

Претходно во образложението за потребата од носење на законското решение министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски  истакна дека според добиените дописи, мислења и укажувања од страна на надзорот и ФИДИК експертот кој бил ангажиран од страна на Јавното претпријатие за државни патишта и Владата, прогресот на работите е 83,84 проценти, поради што Владата предлага до Собранието продолжување на рокот за реализација на овој проект.

-Законот не повлекува дополнителни финансиски импликации. Причините за продолжување на рокот на реализација на овој проект се добро познати на јавноста – поради појавувањето во најголем дел на 13 нови свлечишта на самата траса за која е потребно дополнително проектирање на технички решенија со цел да се решат пропустите во техничката документација кои се пријавија при реализацијата на овој проект, рече тој.

Во однос на реализацијата на проектот по одделни објекти на трасата, Бочварски информира дека објектите се реализирани со 88 проценти, тунелите со 93 проценти, ископот на земјениот материјал со 83 проценти.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: автопат Кичево – ОхридСобрание
Next Post

МВР: Со автоматска пушка пукано кон градоначалникот на Арачиново, повредени две лица од придружбата, не е повреден полициски службеник

НАЈНОВО

Временско ЕХО - 22 октомври

Временско ЕХО – 22 октомври

October 22, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп ја доби наградата „Архитект на мирот“ од Фондацијата Никсон

October 22, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Лувр ги отвори вратите, Галеријата Аполон останува затворена

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk