ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Совети за сезоната на крлежи

Во случај да не може да се отстранат главата или устата на инсектот, тоа треба дополнително да се извлече со пинцета - без оштетување на кожата.

April 1, 2024 20:02
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Сезоната на крлежи трае од април до септември, па важно е однапред да се знае како правилно да ги отстраните од кожата доколку е потребно тоа.

Од заразните болести, менингоенцефалитис, меѓу другите, се пренесува преку крлеж. Тоа е воспалително заболување на централниот нервен систем, чијашто клиничка слика може да се движи од настинка до тешко воспаление на мозокот. Натаму, тука спаѓа и конго-кримска хеморагична треска што се јавува многу ретко на нашите простори, но доведува до сериозно нарушување во згрутчувањето на крвта и предизвикува обилно крвавење, а може да заврши и со смрт. Крлежот може да пренесе и рикециоза која може да се развие во потежок облик, но и лајмска болест што го напаѓа целиот организам, особено кожата, нервниот систем, зглобовите и срцето.

Стручњаците велат дека најдобар начин за заштита од крлежи е долга облека за време на престоите во природа и нанесување заштитно средство. Иако крлежот може да изгледа безопасно, секогаш треба да се биде внимателен околу тоа.

При забележување крлеж закачен на човековото тело, пред сѐ, потребни се чисти раце и дезинфицирана пинцета. Со алатката инсектот се фаќа внимателно во пределот на главата, т.е. што е можно поблиску до кожата. Потоа се извлекува нежно, полека и со рамномерни повлекувања, без никакво извртување. Битно: крлежот треба да се отстрани цел – нескинат, и без оштетување на кожата. Не се препорачува никакво масло, бензин, мраз или други слични средства, истакнуваат лекарите.

Во случај да не може да се отстранат главата или устата на инсектот, тоа треба дополнително да се извлече со пинцета – без оштетување на кожата.

Доколку не се успее, обратете се во најблиската здравствена установа. Важно е да се испита местото на каснување, да се дезинфицира и уште еднаш да се провери дали сè е отстрането од кожата.

Ако се појави оток или некоја друга промена на кожата, треба да се примени антиалергиски лек на местото на каснувањето. Антимикробната заштита по каснување од крлеж обично ја одредува компетентен лекар врз основа на придружните знаци и симптоми.

Не се препорачува: распарчување на крлежот, горење со чкорче, ниту премачкување со крема, масти или масла по каснувањето, што е неделотворно, но и контрапродуктивно и опасно по здравјето.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: заштитакрлеж

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk