ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Обвинителството за пукањето во Арачиново: Извршен е увид, ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, информираат од ОЈО Скопје во врска со пукањето кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со гроначалникот.

April 1, 2024 20:08
in BREAKING NEWS, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, информираат од ОЈО Скопје во врска со пукањето кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со гроначалникот.

Од Обвинителството дополнуваат дека ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија.

Претходно, од Министерството за внатрешни работи информираа дека во СВР Скопје денеска е пријавено дека на влез на село Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, кој бил заедно со уште неколку лица. Оттаму соопштија дека градоначалникот не е повреден, а како што наведоа, не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник. 

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски потврди дека во престрелката е погоден возачот на градоначалникот, а пукано е и кон уште едно лице вработено во општината.

Директорот на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар, Неџати Јакупи за телевизија Телма изјави дека во Клиниката е донесено момче на околу 30-годишна возраст со прострелни рани на градниот кош.

– Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала, изјави Јакупи. 

Tags: Јавно обвинителствоувид
Next Post

Пет жртви во силни ветрови во Полска

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Битолчанец лишен од слобода откако со нож ја убил сопругата

May 14, 2026

ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

May 14, 2026

ЈП „Комунална хигиена“: Транспортирани 200 кубни метри отпад од акцијата „Генералка викенд“

May 14, 2026

СДСМ: Мицкоски и Филков молчат повеќе од 30 дена, намерно го штитат Груевски од екстрадиција

May 14, 2026

Луциден сон со нова песна и видео спот „И пак те нема“

May 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk