ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Запознавање со светот на лицата со аутизам со помош на ВР технологија по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот

По повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот здружението „Сина светулка“ денеска во Ист Гејт Мол организираше едукативен настан, на кој со помош на ВР технологија луѓето имаа можност да видат како изгледа светот на лицата со аутизам.

April 2, 2024 18:48
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот здружението „Сина светулка“ денеска во Ист Гејт Мол организираше едукативен настан, на кој со помош на ВР технологија луѓето имаа можност да видат како изгледа светот на лицата со аутизам.

Претседателката на здружението „Сина светулка“ Јасмина Трошанска, посочи дека целта на денешниот настан е да споделат практични стратегии за оние кои што живеат со лицата со аутизам, со визуелна поддршка им помогнат да станат поуспешни.

– Работиме на подобрување на квалитетот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам. Нашата цел е денеска да споделиме дел од нашите сознанија и одредени практични стратегии како луѓето кои што работат и живеат со децата и лицата со аутизам да им помогнат да бидат поуспешни со визуелна поддршка, да им овозможат полесно да ги разберат нештата што се случуваат, затоа што лицата со аутизам се визулни ученици, рече Трошанска.

Потенцираше дека перцепцијата на луѓето за лицата со аутизам најчесто е заснована на карактеристиките кои ги гледаат од надвор, истакнувајќи ја потребата од промена на генералното мислење.

– Важи едно правило доколку децата не можат да учат на начинот на кој вообичаено се учи, потребно е да направиме нешто со цел да им овозможиме сите деца да учат. Потребно е да се направат многу мали промени, затоа што многу малку од луѓето ги познаваат децата со аутизам, најчесто ги познаваат нивните карактеристики онака како што ги гледаат од надвор, рече Трошанска.

Таа посочи дека има примери во светот каде што лицата со аутизам, што кај нас се сметаат за нискофункционални, таму работат и самостојно живеат користејќи алтернативни начини на комуникација.

– Има примери во светот каде што лица со аутизам, што кај нас се сметаат за нискофункционални и дека не можат да работат, таму работат самостојно живеат, комуницираат преку алтернативна комуникација, имаат комуникатори кои што зборуваат за нив, но за тоа се тренираат и учат од многу мали, затоа велам системот на образование треба од почеток да се промени, посочи Трошанска.

Tags: аутизамВР технологија
Next Post

Лековити својства на сокот од домати

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk