РИБАРО
И покрај тоа што се испопукаа купишта скандали за анкетите на Божиновски и како тие биле штелувани и местени во корист на ДПМНЕ, па да се емитуваат по емисии и други триста далавери, новинарите од националните телевизии не престануваат да го канат вмровскиот анкетар Владимир Божиновски на дебатни емисии како аналитичар и експерт.
Екипата на АХА стапи во контакт со Божиновски и го праша – На што се должи оваа амнезија на новинарите што упорно и покрај сè го форсираат него на телевизија како релевантен анкетар и опинион мејкер?
„Не знам што им е?! И јас сум збунет, да ви кажам искрено. Глуви ли се, слепи ли се, удрени ли се во главите, потплатени ли се… ама и покрај сè што се обелодени каков сум и што сум, овие инсистираат да ме има во јавност и да ме есапат како релевантен. Ајде да ми е прв пат, ќе речеш – можеби е конструкција, му се с’снале на човекот, ама ме имаше и во бомбите што ги пукаше Заев како со Миле ми текна договараме каде ќе штелниме и како. Се сеќавате беше пуштена бомбата и во судницата за случајот „Титаник“, каде се слуша кога му велам на Миле ми текна: „Не се секирај, ќе ја повторам анкетата за четворката“. А тоа дека чим пукни нешто кај вмро и им паѓа рејтингот јас одма штелнувам анкетче, е веќе очигледна работа за која нема што да се зборува.
Нејсе, навистина се чудам со кој памет сè уште ме канат по телевизии, ама тоа ти се нашите македонски новинари во етаблирани ТВ куќи“, констатира анкет гуруто на вмровците Божиновски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK
Поврзано:
Мицкоски: Барајте друго дете, со анкетите од Божиновски само се брукаме