ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Претседател на сите, Европска иднина, уставни измени, достоинствена нација, глас на разумот, среќни граѓани – пораки на претседателските кандидати од првиот ден на кампањата

April 5, 2024 15:22
in PMD, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера официјално започна предизборната кампања за седмите претседателски избори во Република Северна Македонија. Кандидатите, поддржани од коалициите, во јавни настапи на собири ги изложија своите програми и заложби на своите кандидатури.

Пендаровски: Ќе бидам претседател на сите, како и досега

Кандидатот за втор претседателски мандат Стево Пендаровски, синоќа ја започна предизборната кампања  со собир во Прилеп, со изборниот слоган “Нашиот претседател Стево“.

Во својот говор, меѓу другото, тој вети дека и во идниот мандат, како во петте години од првиот, зад него ќе нема „црна дамка“.

„Затоа што немам афера во која сум бил инволвиран, ниту јас ниту моите соработници, и така ќе биде и до крајот на вториот мандат. Како што реков пред пет и пред десет години, ќе бидам претседател на сите, без разлика на припадноста зашто гледам кој е човек, па и нелуѓето ги примам, секој кој има мака да му помогнам или да ми каже сугестија да решиме проблем, рече Пендаровски.

Стево Пендаровски, кандидат на коалицијата “За европска иднина“ за претседател на РСМ

Силјановска Давкова: Имаме обврска да потсетуваме на темелните вредности

ВМРО – ДПМНЕ и партиите од коалицијата што ја предводат кампањата за претседателските избори, на кои ја претставија нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова.

„Ама и во какви било односи кон надвор со држави поголеми од нас, па и со сојузи како што е ЕУ, ние вистинските Европјани, имаме обврска да потсетуваме на темелните вредности, оти без нив нема ниту демократија, ниту просперитет, ниту мир. Не се оди во Европа со реторика ЕУ, НАТО, НАТО ЕУ. Не, туку со почитување на вредностите и со практикување на вредностите само ако станеме нормална, стандардна држава, ќе бидеме во рамките на ЕУ, рече меѓу другото во својот говор  Силјановска Давкова.

Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на коалицијата „Твоја Македонија“ за претседателка на РСМ

Ванковска: Како да бидам среќна ако моите сограѓани се несреќни

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска, кампањата за претседател, под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, ја почна од Струмица.

„Ние сме сите по таа класна основа обесправени, без оглед што јас доаѓам од привилегиран слој на академска фела, но овој систем е неправеден и кога некој ќе ме праша што е среќа, дајте дефиниција на среќа, во американскиот Устав има формула да трагаш по својата среќа. Како да бидам среќна ако моите сограѓани се несреќни, рече Ванковска.

Билјана Ванковска, кандидатка на Левица за претседателка на РСМ

Димитриевски: Ќе бидам глас на разумот и обединувањето

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски со слоганот „Максимум за Македонија“ и Со програма под наслов „Манифест за Македонија“, кампањата ја почна од Крушево.

Мојата програма се базира на пет стратешки начела и пет приоритети со кои ќе се зафатам во првите 200 дена. Моите пет начела се: единствени во надворешната политика, глас на разумот и обединувањето, поцврсти во одбраната и безбедноста, силни институции за заштита на граѓанинот и државата и вклученост и одговорност, посочи Димитриевски во својот говор.

Максим Димитриевски, кандидат на „Знам“ за претседател на РСМ

Јакимовски: Секој граѓанин во мене ќе има свој заштитник

Претседателскиот кандидат, Стевче Јакимовски својата претседателска кампања ја започна од Тетово .

-Имав шанса да поразговарам за проблемите со кои се соочуваат храбрите тетовчани, нашата коалиција „Храбро за Македонија“ има визија, имаме решенија и ќе донесеме суштински промени. Како претседател на Република Македонија нема да ги делам граѓаните по етничка и верска припадност, јас ќе бидам претседател на сите и секој граѓанин во мене ќе има свој заштитник, истакна Јакимовски.

Стевчо Јакимовски, кандидат на коалицијата “Храбро за Македонија“ за претседател на РСМ

Османи: Нашиот народ, нашите деца ја заслужуваат европската иднина

Кандидатот на ДУИ за претседател на државата поддржан од Европскиот фронт, Бујар Османи,  на промотивниот митинг рече дека европските интеграции се главниот „столб“ на неговата програма.

„Многу сум јасен во новите перспективи каде треба да се фокусираме за да се отстранат бариерите кои сè уште не држат надвор од патот на напредокот и развојот што го нуди 21 век. Нашиот народ, нашите деца ја заслужуваат европската иднина. Ним им должиме да го изградат и ви ветувам дека ќе го изградиме“, рече Османи.

Бујар Османи, кандидат на коалицијата „Европски фронт“ за претседател на РСМ

Таравари: Интеграцијата во ЕУ е наша неоспорна цел

Кандидатот за претседател на коалицијата „ВЛЕН“, Арбен Таравари  синоќа имаше отворање на Изборниот штаб во Дебар, каде и официјално ја започнаа предизборната кампања

„Интеграцијата во ЕУ е наша неоспорна цел. Ќе бараме гаранција од високиот претставник на ЕУ дека по уставните измени нема да има дополнителни барања за Северна Македонија надвор од преговарачката рамка од 2022 година. Мандатот за формирање на власта ќе добие доверба на партијата или партиите кои ќе докажат дека го имаат мнозинството во Собранието со тоа што ќе побараат од претставникот план за спроведување на уставните измени“, рече Таравари.

Арбен Таравари, кандидат на коалицијата „ВЛЕН“ за претседател на РСМ

ТВ ДУЕЛ ТАРАВАРИ – ОСМАНИ

Кандидатите за претседател на државата од коалициите „Европски фронт“, Бујар Османи и „ВЛЕН“, Арбен Таравари синоќа  во телевизиска дебата на ТВ 21 ги претставија своите програми и ги дебатираа ставовите.

Османи истакна дека овие избори се народен референдум за тоа каква држава сакаме. Едниот пат, посочи тој, овозможува бериќетна европска иднина, а другиот пат не носи во изолација, без перспектива и со нејасност.

-Овие избори се народен референдум за тоа каква иднина сакаме, се наоѓаме на овој крстопат кој ќе ја определи судбината на луѓето кај нас. Јас овој пат на европска и евро-атлантска интеграција на земјата го почнав пред неколку години, отворив многу интеграциски процеси, раководејќи ги главните интеграциски договори и сакам во улога на претседател да го заокружам најголемиот сон на нашите граѓани односно интеграција во ЕУ, изјави Османи.

Таравари смета дека „Македонија се наоѓа на крстосница која е многу важна за иднината на државата бидејќи сме во тројна криза – економска, политичко-уставна и етичка и морална криза“.

“Овие три кризи го имаат поларизирано општеството со што се влијаело во поделбите помеѓу луѓето и општеството и зголемувањето на евроскептицизмот што не е добро за државата а исто така и за минимизирање на либералната демократија. Како претседател на државата ќе се обидам да направам се што е во моја сила за да ја задржам внатрешната кохезија на државата и за да го развивам европскиот пат на Македонија.“

Подготви: Дијана Тахири во соработка со ЦМТ.

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Брод со хуманитарна помош се приближува кон брегот на Газа

July 27, 2025

Ниту синоќа не беше конституиран косовскиот Парламент

July 27, 2025
Фото: МИА

Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола

July 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

    Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk