ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Партиите ги спрегнаа караваните, ветувања од претседателските кандидати на стартот на кампањата

April 5, 2024 08:39
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предизборната кампања за Претседателските избори денеска продолжува со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани. На првиот ден од кампањата кандидатите изнесоа заложби за европска иднина на државата, со ветувања за функционални институциите со делегирање на професионални кадри, сите со реторика дека ќе бидат претседател на сите граѓани, како и критики до опонентите.

Изборните штабови најавуваат дека изборниот караван на кандидатот на Коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети општините Карбинци  и Пробиштип, по што ќе одржи централен митинг во Штип, а кандидатката за претседател поддржана од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните на Вевчани, Струга и Ресен.

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, во дворот на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе одржи отворена дискусија на тема: „Членство на Северна Македонија во ЕУ, до 2030 година“ каде учесници ќе бидат академски претставници, студенти и невладини организации.

Активности ќе има и кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски кој во Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница и Кочани на средби со граѓани ќе ја презентира програмата „Манифест за Македонија“, додека Коалицијата „Вреди“ која застана зад претседателскиот кандидат Арбен Таравари, најави прес-конференцијата во Скопје.

Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат синоќа на митинг во Прилеп порача дека неговата опција е европски просперитет, а не враќање во балканската кал.  – Ако Македонија во догледно време не стане членка на ЕУ сами не ќе можеме да го спречиме во поголем процент иселувањето. Затоа е императивно на достоинствен начин да влеземе во ЕУ. Не треба да ни се одземе кои сме и што сме, јазикот и идентитетот ни се гарантирани…Опцијата за која се застапувам и за која живеам не може да не врати повторно во балканската кал, туку во просперитетна европска средина. Затоа заокружете 1, Македонија не смее да се враќа назад, туку да оди само напред, истакна Пендаровски.

Според него, ова нема да бидат историски избори бидејќи „нема дилема зашто се е јасно со бела и црна понуда“, но, како што рече, „постои опасност од главната опозициска партија која нуди враќање назад“.

Кандидатката Силјановска Давкова на митингот пред Владата со кој ВМРО – ДПМНЕ и партиите од коалицијата ја почнаа кампањата за Претседателските избори порача да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок.

-Ама и во какви било односи кон надвор со држави поголеми од нас, па и со сојузи како што е ЕУ, ние вистинските европјани, имаме обврска да потсетуваме на темелните вредности, оти без нив нема ниту демократија, ниту просперитет, ниту мир. Не се оди во Европа со реторика ЕУ, НАТО, НАТО ЕУ. Не, туку со почитување на вредностите и со практикување на вредностите само ако станеме нормална, стандардна држава, ќе бидеме во рамките на ЕУ, рече Силјановска Давкова.

Билјана Ванковска, кандидатката на Левица, пак, од Струмица порача дека себе си се дефинира како можен претседател на сите граѓани, бидејќи, како што рече, така пишува во Уставот и би била претседател на сите сиромашни, сите обесправени, сите дискриминирани, а такви има и меѓу Албанците, и меѓу Ромите, и меѓу Србите, и меѓу Власите и меѓу сите.

Со програма под наслов „Манифест за Македонија“ и со слоганот „Максимум за Македонија“ претседателскиот кандидат Максим Димитриевски кампањата на претседателски избори ја почна од Крушево.

-Мојата програма се базира на пет стратешки начела и пет приорити со кои ќе се зафатам во првите 200 дена.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ ги почна активностите со средби со граѓани во Тетово. Како претседател на Република Македонија нема да ги делам граѓаните по етничка и верска припадност, јас ќе бидам претседател на сите и секој граѓанин во мене ќе има свој заштитник, истакна Јакимовски.

Според претседателскиот кандидат на ДУИ Бујар Османи, претстојните претседателски избори не се обични избори, туку, како што вели, се народен референдум што ќе ја определи иднината на државата.  – Нашата држава се наоѓа на крстопат. Еден пат води кон светла европска иднина, другиот пат води кон изолација бесперспективност и нејасност. Затоа овие избори не се обични избори, туку се народен референдум којшто ќе ја определи иднината на оваа држава,  рече Османи на прес-конференција пред претседателската вила Водно.

На првиот ден од кампањата, претседателскиот кандидат Таравари присуствуваше на отворање партиски изборен штаб во Дебар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп го скрати рокот од 50 на „10 или 12 дена“ за Путин да се согласи на договор за Украина

July 28, 2025

Сем Алтман: Разговорите со ChatGPT за лични проблеми не се правно заштитени

July 28, 2025

Си-Ен-Ен: Нетанјаху е заглавен во криза што самиот ја создаде во Газа

July 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори на хоризонтот: ВМРО-ДПМНЕ без кандидати во албанските општини; партиите на терен пред официјалниот старт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еврокомисијата утврди дека „Тему“ продава нелегални и несоодветни производи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Нема да воведуваме санкции против Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk