ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Изјава на ЕК по повод Меѓународниот ден на Ромите: Потребни се напори за видлив напредок во справување од дискриминацијата на Ромите

April 8, 2024 09:30
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на Ромите, посветен на најголемото етничко малцинство во Европа, ги слави различностите, ромската култура и уметност, нивниот јазик и придонес во европската историја и општество, наведуваат потпретседателката на Европската комисија за вредности и транспарентност Вера Јоурова и еврокомесарите за еднаквост и за соседска политика и проширување, Хелена Дали и Оливер Вархеји во заедничката изјава по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.
– Пред 53 години, на 8 април 1971 година, претставници на Ромите со различно потекло и од различни земји се сретнаа на првиот Ромски конгрес и заедно се договорија за ромското знаме, ромската химна и заедничкото име „Роми“, се потсетува во пораката.

Еврокомесарите нагласуваат дека и денес Ромите се уште се соочуваат со високи нивоа на дискриминација во секојдневниот живот, посочувајќи дека 80 отсто од припадниците на ромските заедници во 10 земји членки на ЕУ се изложени на ризик од сиромаштија, 52 проценти се соочени со опасност да останат без живеалишта, а 22 отсто живеат во домови без водоводна инфраструктура.

– Ромите и натаму се соочуваат со сериозни предизвици во пристапот до правата и услугите, вклучително и при еднаков пристап до квалитетно образование, вработување или здравствена заштита, се потенцира во пораката.

Во текстот натаму се потсетува дека во својата Стратешката рамка за Ромите 2020-2030, ЕУ постави цели за земјите членки што треба да ги постигнат до 2030 година, вклучително и намалување на јазот на сиромаштија меѓу Ромите и припадниците на останатите етнички заедници за најмалку половина, намалување на недостигот на домови со кој се соочуваат Ромите за најмалку една третина, како и намалување на процентот на ромски деца кои посетуваат настава во сегрегирани основни училишта.
Во пораката се нагласува и дека земјите од Западниот Балкан и Турција усвоија национални стратегии за усогласување на своите политика со Рамката на ЕУ за Ромите.

– Ги повикуваме земјите членки и нашите партнери опфатени со процесот на проширување, особено оние со значителна ромска популација, да ги засилат своите напори за да се усогласат со обемот на предизвиците и да постигнат видлив напредок. Работејќи заедно и со ефективно користење на расположливата поддршка и финансирање, можеме да изградиме фер и еднаква Европа за доброто на сите, додаваат Јоурова, Дали и Вархеји во изјавата по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Се проценува дека во ЕУ и во државите опфатени со процесот за членство во Унијата живеат меѓу 10 и 12 милиони Роми, што оваа заедница ја прави најголемо етничко малцинство во Европа, кои воедно важи и за најдискриминирано.

Врз основа на Стратешката рамка за Ромите, што Европската комисија ја усвои во октомври 2020 година, изработен е Акциски план на ЕУ за борба против расизмот, кој поставува пристап за социо-економска инклузија на припадниците на ромската заедница, со поттикнување на еднаквост и нивно учество во општествените текови.

Европскиот совет во март 2021 година усвои Препорака со која земјите од ЕУ се обврзаа да спроведат конкретни мерки за намалување со нееднаквоста со која се соочуваат Ромите, по што во заклучоците од Самитот одржан лани во октомври членки ја реафирмираат посветеноста да обезбедат недискриминаторски пристап за припадниците на ромската заедница до соодветни и десегрегирана живеалишта.

За реализација на овие цели предвидени се средства во Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година, кои можат да се користат преку структурните фондови, Инструментот за пристапна претпристапна (ИПА), Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка „Глобална Европа“, Инструментот за техничка поддршка, Економскиот и инвестицискиот план за Западнат Балкан, како и преку пакетот за економско закрепнување од Ковид пандемијата „Следна Генерација ЕУ“ и Механизмот за обнова и отпорност.

Според правилата на ЕУ, политиките за еднаквост, инклузивност и учество на Ромите првенствено е во надлежност на земјите членки, но институциите на ЕУ играат важна улога во утврдување на насоките на овие политики, координацијата на националните активности, мониторингот во спроведувањето на целите и остварувањето напредок и обезбедувањето поддршка преку европските фондови. Во рамките на своите надлежности Еврокомисијата ја следи имплементацијата законодавството на ЕУ за еднаквост и недискриминација, игра важна улога во промовирањето на еднаквоста на Ромите, како и во вклучување и учеството на нивни претставници во преговорите за проширување на Унијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Повеќе од 90 луѓе загинаа при потонување на брод во близина на брегот на Мозамбик

НАЈНОВО

Новиот Кривичен законик во Албанија ја загрозува слободата на изразување, алармираат од ЕУ и албански експерти

August 2, 2025

УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

August 2, 2025
ВИ

Ројтерс: САД и НАТО развиваат нов механизам за финансирање на трансфер на оружје за Украина

August 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk