ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нутриционистите препорачуваат: Ова се најздравите намирници за ноќна закуска!

На сите им е добро познато правилото дека јадењето доцна навечер не е здраво со оглед на тоа што може да предизвика стрес, но и да ја покачи телесната тежина. Сепак, да бидеме искрени – речиси никој од нас не може да му одолее на искушението да го отвори фрижидерот во кое било време од ноќта, особено доколку сме навистина гладни. Која би била нашата најздрава опција во тој момент? Еве што препорачуваат нутриционистите.

April 8, 2024 21:23
in LIFESTYLE, ЗДРАВ ЖИВОТ
Share on FacebookShare on Twitter

1. Риба

Рибите како туната, скушата и лососот се сметаат за здрава опција бидејќи содржат значителна количина на витамин Д. Овој витамин му помага на вашиот организам да го регулира нивото на калциум и да ја одржува функцијата на бубрезите, паратироидната жлезда. Овие видови риба содржат и омега-3 масни киселини кои служат како антиинфламаторни агенси и се добри за мозокот. Истражувањата покажале дека масните киселини можат да ја зголемат количината на серотонин и да го подобрат квалитетот на сонот. Покрај тоа, рибите содржат хранливи масла кои се добри за телото и кожата.

2. Бел ориз

И покрај тоа што белиот ориз содржи пониска количина на влакна и антиоксиданси во споредба со кафениот ориз сепак содржи доволно хранливи материи како што се тиамин, фолна киселина и манган и затоа е одлична опција за ноќен оброк. Покрај тоа, белиот ориз се карактеризира со висок гликемиски индекс. Преку овој индекс се одредува колку може да се зголеми нивото на шеќер во телото со консумирање одреден вид храна. Тоа значи дека консумирањето храна со висок гликемиски индекс, се подобрува квалитетот на сонот најдоцна еден час пред спиење.

3. Банана

Бананите спаѓаат во најдобрите намирници за консумирање навечер поради тоа што се богати со калиум и триптофан кои значително можат да го подобрат сонот. Покрај тоа, бананите изобилуваат со витамини и антиоксиданси.

4. Житарки

Житарките се одличен извор на влакна, но и нискокалорични. Овесните житарки содржат и голема количина на мелатонин, состојка која поволно влијае врз сонот.

5. Јогурт

Незасладениот јогурт е една од најздравите опции за вечерна ужинка, подеднакво добар и за децата и за возрасните со оглед на тоа дека е богат извор на калциум. Како што знаете, калциумот е неопходен минерал за раст на коските, но и за олеснување на мускулните контракции на скелетните, мазните и срцевите мускули.

6. Јајца

Јајцата се одличен извор на протеини и не содржат многу калории. Тие се лесни за приготвување, а згора на тоа содржат триптофан која е одлична состојка за мирен сон.

7. Мед

Според нутриционистите медот дефинитивно заслужува да биде дел од вашата ноќна закуска со оглед на неговите здрави својства. Пред сè, медот е хранлив и не содржи многу калории, а од друга страна го зголемува производството на мелатонин, хормонот на сонот, познат како хормон на долговечноста. Згора на тоа, медот содржи здрави шеќери како фруктоза и гликоза и може поволно да влијае врз нивото на шеќер во организмот.

Tags: здрава хранаСовети
Next Post
Интервју на Фронтлајн со Александра Поповска

Интервју со Александра Поповска, вокалистка, композиторка, педагог: Одам таму каде што ме носат гласот и животот

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk