Иако за стиловите на маникир кои ќе бидат во тренд во претстојната сезона најчесто одлучуваат познати експерти за убавина и големи козметички компании, во последно време не е невообичаено најпопуларните маникири да се инспирираат од актуелните трендови на социјалните мрежи. Токму една од нив, наречена „Избледениот пастел“, е популарна деновиве на TikTok и Instagram, а како што кажува и неговото име, станува збор за неутрални пастелни бои на ноктите кои, според сите проценки, би можеле да ги одбележат пролетните денови. Впрочем, овој период од годината е идеален и за пастелни нијанси, па деновиве важи и за модата, поточно за парчињата во бебешко сина, зелена, розова, жолта и виолетова нијанса.