Во текот на годините пред неговата смрт во руски затвор, Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер, пишуваше мемоари за неговиот живот и работа како продемократски активист, пренесува Њујорк Тајмс.
Во книгата, Навални ја раскажува својата приказна со свои зборови, хроника на неговиот живот, неговото издигнување како лидер на опозицијата и обидите за неговиот живот.
Книгата со мемоарите на Навални е насловена „Патриот“, и ќе биде објавена во Соединетите Американски Држави од „Кнопф“ на 22 октомври, со прво печатење од половина милион примероци и истовремено објавување во повеќе земји.
Навални, кој стана глобален познат како жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин, се спротивстави на повторените обиди на Кремљ да го замолчи преку физичко насислтво, апсење и затворање во оддалечената арктичка казнена колонија, каде што почина во февруари, на 47 годишна возраст.
Книгата, која ја раскажува неговата приказна со свои зборови, доаѓа како последен знак на пркос, рече неговата сопруга Јулија Навалнаја во изјавата и може да има галванизирачки ефект врз неговите следбеници.
„Оваа книга е сведоштво не само за животот на Алексеј, туку и за неговата непоколеблива посветеност на борбата против диктатурата – борба за која тој даде сè, вклучително и својот живот“, вели Навалнаја.
„Преку неговите страници, читателите ќе го запознаат човекот што длабоко го сакав – човек со длабок интегритет и непопустлива храброст. Споделувањето на неговата приказна не само што ќе го почитува неговото сеќавање, туку и ќе ги инспирира другите да се залагаат за она што е правилно и никогаш да не ги губат од вид вредностите кои навистина се важни“.
Во соопштението за медиуми, од Кнопф посочуваат дека мемоарите „го изразуваат целосното уверување на Навални дека на промената не може да се одолее и дека ќе дојде“.
Навални самиот го напишал целиот мемоар, диктирајќи некои делови, а Јулија Навалнаја работи со издавачот на уредување и финализирање на ракописот, според претставник на Knopf. Книгата е веќе преведена на 11 јазици, напиша Навалнаја на X, а ќе биде достапно и издание на книгата на руски јазик.
1/5 This is not how I imagined Alexey would write his biography at all. I thought we’d be around 80 years old, and he’d be sitting at the computer by the open window, typing away. And I would be grumbling about the grandchildren coming soon, telling him he’s busy with nonsense.
— Yulia Navalnaya (@yulia_navalnaya) April 11, 2024
Проектот е почувствителен потфат од повеќето мемоари на високи политички личности. Поддржувачите на Навални и неговиот тим, кој ја продолжи неговата работа, продолжуваат да го привлекуваат вниманието на руските власти додека тие упатуваат критики кон Кремљ наспроти позадината на војната во Украина.
Д. Т. / Цивил Медиа