ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Инвестираме милион евра за развој на патната инфраструктура во Кочани

April 12, 2024 13:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Источниот регион доби нов лик, буквално нема патен правец кој не е реконструиран изминативе години. Министерството за транспорт и врски во континуитет работи на модернизација на регионалната, но и локалната патна инфраструктура во сите општини, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска беше во работна посета на општина Кочани.

Министерот Бочварски изврши увид во реконструкција на локалната улица Борис Трајковски, која се реализира со проектот за поврзување со локални улици и патишта преку Министерството за транспорт и врски за која се инвестираат 12 милиони денари.

Во општина Кочани преку Министерството за транспорт и врски се инвестира 1 милион евра за реконструкција на пет локални улици, истакнуваат од Министерството.

„Нашите одлуки носат посакувани резултати за граѓаните, а тоа се подобри услови за живот и подобар животен стандард. Тука во Кочани инвестираме 1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура, а денеска извршивме увид во улицата Борис Трајковски каде инвестираме 12 милиони евра. Сакам да најавам дека веднаш по завршување на оваа улица, продолжуваме и со реконструкција на улицата Гоце Делчев, тука во централното градско јадро, инвестиција од 15 милиони денари. Претходно во Кочани ги реконструиравме улиците Тодосија Паунов, Гошо Викентиев и Радо Кратовче со што значително ги подобривме сообраќајните решенија и улици низ градот. Покажавме подотвеност и одговоривме на барањата на граѓаните од Кочани. Тука сме да даваме поддршка и да ја оправдаме довербата која токму тие ни ја даваат.“ – изјави министерот Бочварски.

Како што известуваат, преку овој проект Министерството за транспорт и врски директно инвестира средства во висина од 70 милиони евра во општините, а до сега реконструирани се над 180 локални улици и патишта во преку 60 општини низ државата.

При денешната посета на општина Кочани, министерот изврши увид и во социјалната зграда од каде најави распределување веднаш после изборниот процес.

Tags: БочварскиКочани
Next Post
Дарко Лешоски /Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Лешоски: Јазик ако треба да се брани само дека е посебен јазик, тоа е смешно, тоа е како бог да се правда затоа што е бог

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk