ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За реалистичните „знаци покрај патот“

April 15, 2024 11:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Пред два дена седев со мој драг пријател во една гостилница во Скопје. Разговорот беше многу впечатлив и непосреден, на мое големо задоволство – сакам слободни луѓе кои зборуваат отворено за сè – a таков сум и јас, освен кога пред себе не гледам отворена закана и непријателски погледи. А, верувајте ми, сум се нагледал такви очи и такви сурати во мојот живот „али-ми-сакаш“.

И како изминува време, се повеќе разбирам за себе некои работи: никогаш во меѓучовечка комуникaција не знам како ќе реагирам, тоа најмногу зависи од другата страна. Ако играме со отворени карти, со чисто срце, спремен сум да работам на што сакам, ама ако приметам „муљање“, нефер игри, задкулисни ујдурми, се повлекувам. Во огромен број на случаеви реагирам бурно. Таков карaктер имам од дете, знам што сакам, знам што не сакам. Знам што имам, а знам и што немам. И сосема сум во ред со тaквиот „поредок на работите“.

На овие размисли не само што ме потсети мојот драг и прекрасен пријател, туку ме дотера во такви сфери на размислување од кои освестив некои работи: луѓето за своето властољубие непрекинато измислуваат возвишени причини во кои никој не верува. Погледајте што зборува, на пример, Билјана Ванковска. Или Христијан Мицкоски. Притоа, двајцата за себе мислат дека се херои. Госпоѓата Ванковска вели, „Сè ќе укинеме од договорите кои до сега се направени“. Мицкоски, се разбира, како и секогаш, вели дека ќе апси, ќе се пресметува, ќе воведувал „личен морал“ и купишта на општи места од кои „п’цета со маст не ги јадат“.

Не можам да поднесам луѓе кои се лишени од автоиронија, приметувам, а посебно не поднесувам „кампањски политичари“ како овие двајца. Нивниот начин на зборување е како да го диктираат својот тестамент: со смртна сериозност ја потцртуваат секоја трвијалност, секое општо место кое го произведуваат штом се најдат во јавниот простор. А посебно не им верувам на луѓето кои се во близок однос со историјата. Ама уште полоши се оние кои велат дека имаат мисија.

Кога бев страшно млад, бев преполн со илузии. Не само што се борев со тие илузии, туку се борев и со илузиите на другите луѓе. Денес, пак, мислам дека илузиите се нај(без)вредното нешто кое го имаме во себе. Тие, илузиите, во конечноста, нè одржуваат во живот. Или она што се нарекува „здрава памет“ навистина е здраво, ама не е памет. Тоа е мрежа од илузии, лаги, самообмани, заборавања и фикционализирано минато кое нè штити од падот во бездна на вистината.

Овој народ не заслужува да биде масовно прислушуван; овој народ не заслужува да биде масовно пљачкан; овој народ не заслужува да нема здравствено осигурување (има случаеви на такви луѓе!); овој народ не заслужува некој да го потценува и нарекува како е „многу глупав“; овој народ не заслужува да биде сиромашен. Од друга страна, пак, читам – три деца sверски го претепале четвртото дете. Го претепале затоа што ја поддржува борбата на Украина. Некои други луѓе, пак, на драго срце, поради моите ставови би ме отселиле од местото на кое сум се затекнал, живеам и сум добил дете. Некои други луѓе веруваат дека некои други луѓе – заслужни за Преспанскиот договор, влезот во НАТО, почетокот на започнување на преговорите со Европа – веруваат и заговараат протерување на главните актери и нивните семејства од државата.

Така веруваат дека ќе се воспостави мир во земјата кога најпрво ќе се пресметаат со „своите“.

Нивните деца мислат исто како што мислат и оние кои ги заговараат таквите тези: протерување, а потоа „конечно“ мир! Така, пак, во тој раскош од бес, лудило и понизност пред силата, се формира „традицијата“. Затоа што така се брани свеста за сопственото лудило, зло и беда. Затоа што така се брани лагата за себе.

Никој себе не може да се надживее, ако за тоа кој е, што е и каков е доследно и беспоштедно помисли. Лагата и нејзиниот глувчешки табиет – ете што денес владее со светот.

Нема каде да се бега: сите стази се препречени, сите полиња се минирани, сите реки се надојдени и непроодни. Никој нас не може да ни помогне од светот освен ние самите.

Никој.

Единствено ние сами може да бираме она што ни се нуди на политичката сцена.  Или ќе се движиме кон Европа (со својот дух, верба, па дури и „илузија“!) или едноставно ќе се раскапеме во политичка ентропија и насилства. Не сум пророк, само ги читам помно реалистичните „знаци покрај патот“.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌполитичка сцена
Next Post

САД нема да учествуваат во каква било израелска одмазда против Иран, велат официјални лица од Вашингтон

НАЈНОВО

Полски авиони пресретнаа руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

(ВИДЕО) Египетскиот музеј вреден скоро 900 милиони евра се отвора по 20 години изградба

October 31, 2025

Здравствени состојби поради кои може да не се дозволи влез во авион

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk