ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Преуредување на државата

April 16, 2024 21:20
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски, промоција на книгата ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ, Дом на културата „Кочо Рацин“, 12 април 2024 (фото: Драгана Басекиќ)

Бранко Тричковски, промоција на книгата ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ, Дом на културата „Кочо Рацин“, 12 април 2024 (фото: Драгана Басекиќ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Слушам за вакви барања на Албанците:

  1. Албанскиот јазик во уставот
  2. Избор на претседател во Собранието
  3. Гласање во уставен суд со бадентер
  4. Проширување на бадентер во парламентот при носење на буџетот
  5. Бицефална егзекутива
  6. Совет на општини
  7. Уставни измени

Прилично меки барања.

Забележувам дека ништо не бараат за Македонците.

Некој им рекол дека на најстариот народ ништо не му треба по дефиниција, сѐ си има од Господ и од вмро и нема што тие да бараат нешто за унапредување на неговиот статус.

Можеби по еден претседател Македонец (Македонка) да следи еден претседател Албанец (Албанка).

Јас додавам: Задолжително учење на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и знаењето на албанскиот и на македонскиот јазик како услов за вработување во јавниот сектор.

Се плашам дека некои Македонци ќе освојат помалку поени на македонскиот од Албанците.

Човек кој не знае добро македонски и албански не би можел да биде министер, директор, началник, секретар, полицаец.

Македонците се скандализирани.

Тие уживаат вo тие пози.

На слични тема на мајоризацијата се распадна Југославија.

Во крв и страшни разорувања.

Се сеќавате, не!

Сите барања на Албанците, сеедно дали се шест или шеесет и шест, треба да се прифатат ако се однесуваат на рамноправноста.

А, како што гледам, тоа е тоа.

Не можете 40 години да мајоризирате народ кој прави 25, ако не и повеќе отсто од вкупната популација.

Да мислите дека природно ви припаѓа местото претседател и местото премиер итн.

Командата за националното богатство.

Главниот збор дури и во пљачката.

Поентата е во тоа дека Македонците се ослободуваат од некои ексклузивитети, а во замена ја задржуваат државата, нацијата и позицијата во општеството што ќе им обезбеди пристојна компензација.

Тие други ресурси немаат.

Триесет години го пишувам тоа, но резултатите во таа насока секогаш беа резултат на македонските порази, а не визии.

Што друго сакаат Македонците кои освен митови и народни песни и ора, немаат никаква друга енергија.

Вмро им ја сјеба, ги испразни и ги претвори во цефалоподи.

Албанскиот јазик мора да оди на денарите и да биде рамноправен на целата територија, пишував во првата книга во 2002.

И треба да се учи во основните и средни училишта.

Идејата Стево и сдсм да се качат на бранот на национализмот е најглупавата идеја.

Во принцип, башка што гласачите што така ќе ги мобилизираат ќе отидат кај идиотите.

Реалната свест за моќта на македонската етничка компонента покажува дека сме слаби и дека немаме моќ да наметнуваме наративи и дискурси.

Освен самите против себе (вмро).

Сдсм и коалицијата треба да одат со Албанците и разумните Македонци, а на лудите треба да им кажат дека со вмро не што нема да одбранат ништо, туку ќе испозагинат како пилци.

Ќе загубат сѐ!

Ако се хомогенизира македонскиот национализам, Албанците ќе се одвојат за два дена и ќе формираат свои органи на територијата што ја сметаат за своја.

После Кикифрики и Мирка ќе одат на тенковските топовски цевки да ја ослободуваат Македонија.

Монти Пајтон.

Се разбира во нивните барања има и по некој блеф, но ориентацијата мора да биде апсолутна рамноправност.

Тоа мора да му се објасни на простиот народ како единствена добитна варијанта.

Нема друга.

Од гроб можат да станат сите славни јунаци, сосе белите црви – џабе.

Времето на илинденските циклуси и на асномска Македонија, е завршено.

Правиме нова држава.

Тоа е.

Потребни ли се жртви и визии?

Да!

Македонскиот национализам може да оди у курац.

Што треба да правиме за да му удоволиме.

Само така можат да ја видат разликата меѓу кафанското лупање во гради и кога дома ќе го однесат во ковчег.

Не можеме да бидеме робови на идиотите. Картите на маса па кој сака нека се тепа, јас заминувам на Маурициус.

Башка што нема ништо поговнесто и самоубиствено од македонскиот национализам.

Ако по четириесет години, по искуството во БиХ, Србија и Хрватска, Македонците сакаат да го изодат тој пат, нека им е наздравје, јас ќе навивам за противниците против кои ќе се борат.

Барањата за трансформација на Македонија или во високоинтегрирана форма или во федерална, конфедерална и сепаратна варијанта, ќе бидат нормален след на настаните колку што повеќе се издишува македонската етничка компонента преку гајдите на вмро, а јакне албанската.

Тоа е така нормално.

Чукнете си ги главите од далноводите на електричната енергија, можеби ќе ви дојде паметот од шупакот во главите.


FRONTLINE.MK | Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk