ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

За коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Стоилковиќ, геноцидот во Сребреница е некрофилски дизниленд

April 16, 2024 15:17
in PMD, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, пратеникот Иван Стоиљковиќ, геноцидот во Сребреница е „некрофилски диздиленд“, откако министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера изјави за коспонзорство на нашата земја во Обединетите Нации (ОН) за прогласување меѓународен ден на геноцидот за Сребреница.

„За македонското коспонзорство на Резолуцијата за Сребреница утре ќе читате и слушате. Првиот одговор на прашањата беше во стилот дека без оглед на тоа што во иднина ќе се случува со регионот, Србите, некрофилскиот дизниленд Сребреница… фактот дека Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво, спротивно на волјата на македонскиот народ кажува колку Македонија и нејзината државност паднала на ниски гранки… поразително нели?“, напиша Стоиљковиќ на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Ваквиот говор на омраза на Стоиљковиќ доаѓа откако министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера кажа дека „нашата земја заедно со САД, Германија и други држави е коспонзор на резолуцијата во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година и одбележување на истиот секоја година“.

Адвокатот Асмир Алиспахиќ реагира на навредите и релативизирањето на геноцидот во Сребреница на Стоилковиќ.

„Иван Стоиљковиќ, коалициониот партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се осврнува кон Геноцидот во Сребреница како “некрофилски дизниленд”. Љубопитно очекувам да видам какви ќе бидат реакциите на Мицкоски, Силјановска, ВМРО-ДПМНЕ, САД, ЕУ, Политичките Бошњачки партии кои се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, како и Бошњаците кои го подржуваат ВМРО-ДПМНЕ кон оваа негирање и навреда на жртвите на геноцидот во Сребреница.

Уште пољубопитен кој од Албанските партии ќе прифати комуникација, камо ли соработка и коалиција со оваа примитивна шовинистичка братија од Бела Палата, пишува Алиспахиќ.

Oд партијата СДА Македонија во однос на најавената Резолуција за геноцидот во Сребреница прашуваат дали ВМРО – ДПМНЕ, како стожерна партија во коалицијата со Иван Стоиљковиќ, ги споделува „неговите антицивилизациски позиции?“.

„Кој се позициите на Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска Давкова за резолуцијата за Сребреница во ОН, а за која нашето МНР вчера објави и дека Северна Македонија ќе биде коспонзор, заедно со САД и Германија? Геноцидот во Сребреница е факт. Негирањето на геноцидот е неприфатливо во едно демократско општество и претставува антицивилизациски чин. Геноцидот во Сребреница беше потврден со судска пресуда на меѓународниот суд во Хаг, како единствен геноцид на европско тло по Втората светска војна“, истакнуваат од СДА.

Од партијата велат дека веќе подолг период Иван Стоиљковиќ, коалициски партнер на ДПМНЕ, во јавноста изнесува ставови кои се проблематични во едно општество, кое себе си се нарекува демократско и претставуваат еден антицивилизациски чин.

„Последниот скандалозен став во низата е вчерашниот на Стоиљковиќ со кој повторно го релативизира геноцидот во Сребреница. Ништо ново, посебно ако ги земете неговите ставови и за агресијата на Русија врз Украина, како и неговите ставови на линија политиката на Додик и Вулин, за промена на границите на државите на Западен Балкан“, велат од партијата СДА Македонија.

Пратеничката на СДСМ, Санела Шкриељ потенцира дека во Македонија најдобро знаеме дека има луѓе и нелуѓе, па потоа доаѓаат другите карактеристики.

„Изјавата на Иван Стоиљковиќ, коалициониот партнер на Христијан Мицкоски кој го нарекува геноцидот во Сребреница “некрофилски дизниленд”, има само едно име: NELJUDSKOST! (нечовечност). Не случајно истиот лик ја продолжува истата пракса да поддржува злосторства против човештвото, ставајќи се на страната на Путин кој сега истото го прави во Украина“, вели таа.

Шкриељ додава, за сите случајни или намерни, дезинформации и пропуштени информации на оваа тема: Македонското собрание уште во 2010 година усвои Декларација со која ја поддржа Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница. Истата беше поддржана од сите политички партии!

Геноцидот во Сребреница, кој е потврден со пресудата на Меѓународниот суд за правда во Хаг, веќе е дел од институционалната меморија на ЕУ, САД, Канада, Велика Британија, Германија… на сите држави каде демократските вредности и почитувањето на човековите права е составен дел од нивните системи, а сега останува да се заокружи и во ОН, на почеток на следниот месец.

„Да изградиме иднина за денешната генерација, која ќе биде добра за сите народи без разлика на верата и да не обедини со заеднички вредности засновани на правата на поединците. Мораме да останеме будни и да се спротивставиме на омразата и нетрпеливоста во нашата земја, Европа и светот. Омразата и нетолеранцијата не исчезна од нашите улици, од нашите социјални мрежи, па дури ни од политичкиот дискурс. Се додека живеат таквите идеологии, опасноста од нови страдања не завршува.

BOSNJACI NAUČITE – PAMTITE – PRIČAJTE- OPOMINJITE!! I dobro razmislite kad odlučujete kome dati svoju poddršku“, вели Шкриељ.

Таа вели дека чека да види дали „вмро дпмне ќе се огради од ваквиот став на нивниот коалиционен партнер“ и тешката навреда на жртвите на Сребреница.

„Земајќи предвид дека тоа не го направија кога нивна пратеничка ги навреди сите Бошњаци, нарекувајќи не “изгубени со збунет идентитет”, чисто се сомневам. Ние, Бошњаците, нема да заборавиме!“, истакна Шкриељ.

Дополнително, актуелниот пратеник Стоилковиќ, кој претендира на нов пратенички мандат во Собранието на Република Северна Македонија, кој е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, земјата во која живее и зема плата од нејзините граѓан(к)и ја нарекува „спонзоруша“.

„Кога спонзоруша станува спонзор!“, пишува Стоилковиќ, при споделувањето на „Ударна вест, Северна Македонија коспонзор на антисрпска резолуција за Сребреница“.

Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира на навредите на нивниот коалиционен партнер Стоилковиќ дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски диздиленд“ и дека Македонија е „спонзоруша“?

Мониторинг тим на ЦИВИЛ 

Преземено: Цивил Медиа

Tags: ВМРО-ДПМНЕговор на омразаИван СтоиљковиќизборикоалицијаСребреница
Next Post
Изјавата на Стоилковиќ за Сребреница има едно име Нечовечност

Нечовечност

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk