ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Творештвото на Тричковски е исукан меч во безмилосен напад врз табуата, лажниот морал, фабрикуваната историја и гротеската на тапоглавците и криминалците во политиката

April 17, 2024 13:27
in ZOOM IN, КУЛТУРА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Тричковски пишува истовремено со страст и со длабоко промислување. Неговата ерудиција и професионалното искуство зрачат од секој параграф од неговите колумни кои се вистински литературни дела. Тој е бестрашен и бескомпромисен писател кој се соочува со табуата, ги разоткрива невистините и го предизвикува статус квото во општеството.

Многумина го споредуваат Тричковски со големи имиња од историјата и сегашноста во политичкиот и општествениот живот на големи земји. Сјоран и Шарли Ебдо се дел од тие споредби, што ја прават неговата појава и работа подеднакво значајна и влијателна за нашето општество. Тие споредби се ласкави и точни.

Истовремено, таквите споредби покажуваат една наша снисходливост кон големите имиња, култури, јавности и истории. Тоа воедно е признавање на нашата маленкост и безначајност.

Мислам дека Тричковски ги заслужува сите тие споредби со големите луѓе, но истовремено, мора да констатираме дека тој е неповторлив и – неспоредлив. Не е никакво посебно откритие ако се каже дека неговите колумни се своевидни општествени, културни и политички вивисекции кои одат далеку зад тоа што може да се види на прв поглед.

Тричковски поседува ретка способност да ги анализира и разобличува мотивите, изворите и протагонистите на деструктивните, антидемократски и насилнички идеи и однесување во политиката и општествениот живот.

Творештвото на Тричковски е исукан меч во безмилосен напад врз табуата и предрасудите, лажниот морал, фабрикуваната историја и гротеската на тапоглавците и криминалците во политичкото мочуриште. Во неговата супериорна интелектуална лабораторија се разобличуваат носителите на болестите и растројството во општеството, а воедно се нуди вакцина за секоја од тие болести… Тричковски е бескомпромисен и бестрашен, постојано во битка со непрегледната зомби пешадија на неписменоста, глупоста, лакомоста и злобата. Неговиот израз е пребогат и слоевит, а истовремено крајно провокативен, директен, лишен од формалности, флоскули и еуфемизми, на моменти и некоректен. А како поинаку!?

Секогаш кога се соочени со фактите на реалноста и со острите оценки за нивното деструктивно дејствување, овчарите се бранат со „експертизи“ и со „анкети“, барајќи од прогресивниот дел на општеството да ги „докаже“ своите тврдења. И тоа најчесто го прават преку своите канали за комуникација длабоко вкопани во медиумите и невладините и тинк-тенк организации. Тоа е како џелатот да бара од вас да му докажете дека е џелат. Вие сте ја му ја покажале главата од која шишти крв, која џелатот ја отсекол. А тој ви вели дека тоа е лага и дека вие сте предавник.

Таа реалност е околу нас и во нас, но значајни општествени и медиумски вложуваат максимални напори и пари за да фрлат мрежа на очите на луѓето. Тричковски ја разоткрива токму таа реалност. Ја трга густата мрежа од очите, ја соголува лагата и ја прикажува реалноста таква каква што е. Тоа често предизвикуваа болка и чувство на непријатност, но тоа е неизбежно. И слепиот ако прогледа, светот, колку и да сакал да го види, му предизвикува жестока болка.

Тричковски е веројатно еден од ретките интелектуалци кои целосно, докрај и сеопфатно ги разбира принципите на мултикултурализмот и интеркултурализмот. Тој е антинационалист кој целосно и со длабоко промислување ги разбира сите суптилности на односите меѓу заедниците. И без калкулација или било каква резерва, тој ги соопштува сите свои идеи и ставови против дискриминацијата.

Јас сум дел од една група интелектуалки и интелектуалци кои со децении се борат да обезбедат слободен и неограничен простор за општествена и политичка дебата, за откривање на фактите, за промислување на реалноста и одбрана на демократските вредности. Затоа сме под постојан напад дека сме предавници и што ти не.

Тричковски е наш омилен автор и инспирација да издржиме на Првата линија.

Јас како издавач и уредник на ова дело, како и на книгата „Мојата борба со Македонија“ издадено во 2021 година, ги сметам за мои лични достигнувања и достигнувања на редакцијата Фронтлајн. Ние, на Првата линија, се гордееме со Тричковски и неговите дела.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

AI Generated Image

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Генерирано со ВИ

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Трамп и Мерц Фото:EWTN скриншот

(ВИДЕО) Мерц–Трамп: Средба што може да го промени текот на трансатлантската политика

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk