ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Кино Фросина премиера на „Време на бетон“ документарен филм во режија на Игор Иванов посветен на архитектонско-урбанистичката историја на Скопје

April 18, 2024 11:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА

Долгометражниот документарен  филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов и продукција на Скопје Филм Студио ќе  биде премиерно прикажан денеска (четврток, 18. април во 20:00 часот) во Кино Фросина. 

„Време на бетон“ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната, која го следи градот од  почетокот на дваесеттиот век. Посебно кусата ера на брутализмот. Што е она што доведе  до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура? Која е  неговата вредност, естетска, архитектонска, практична и зошто тој е со децении предмет на  политичка конфронтација, идентификација и антагонизам? „Време на бетон“ претставува  обид да ги деконструира и објасни овие феномени.

Грижливо компронираните кадри, надополнети со архивски снимки и фотографии, како и  3Д анимации, водени од нарација, го прават овој филм едно уникатно аудио-визуелно  патување низ скопскиот бетон и неговата контроверзност.

Време на бетон“ е снимен по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на  нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски.  Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на  музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата  е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски.  Овој филм е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна  Македонија.
Tags: „Време на бетон“Документарен филмИгор Иванов
Next Post

Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk