ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Двете најголеми политички партии жестоко ја започнаа кампањата за парламентарните избори

April 19, 2024 08:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Двете најголеми политички партиии жестоко ја започнаа кампањата за парламентарните избори која започна вчера.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на стартот на кампањата за парламентарните избори од настанот „Нема откажување од иднината“ во Скопје. упати пораки до опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека, како што рече, со лажни вести, со фингирање анкети, со злоупотреба на институции, со празни зборови и со ширење страв, ниту се победува на избори, ниту се гради држава.

– Сега повторно слушаме како ВМРО-ДПМНЕ сее страв дека со членството во Европската Унија ќе сме ја изгубеле државата. Ветуваат некакви алтернативни решенија за членство во Европската Унија. Тоа е само продавање магла. Такво нешто не постои никаде, освен во нивните глави. ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, е истото ВМРО-ДПМНЕ кое на чело со Груевски, 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор. Мицкоски гордо чекори по стапките на неговиот идол со адреса на живеење во Будимпешта. Исто како и Груевски, спремен е Македонија уште 100 години да не влезе во Европската Унија, рече Ковачевски на настанот „Нема откажување од иднинатата“ во Скопје.

Тоа, истакна, не само што е штетно, туку е и опасно за иднината на нашата држава и на нашите деца.

– Пред локалните избори, ветуваа чуда во Скопје. Се расфрлаа со еко-автобуси, нови паркови, почист воздух, модерна инфраструктура. И што од тоа имаме денес? Скопје никогаш не било повалкано, граѓаните секој ден стравуваат дали ќе има или ќе нема автобуси, а булеварите се во очајна состојба. Но, ВМРО како ВМРО, Никола како Никола, Христијан како Никола и Христијан како Христијан. Не преземаат одговорност. Велат, тоа не е наша вина и креваат раменици. Така креваа раменици за НАТО, така креваа раменици и за преговарачката рамка за Европската Унија, така ќе креваат раменици за сѐ она што го ветуваат денес во нивната програма пред граѓаните. Меѓутоа, тие лажни ветувања… овој пат нема да имаат можност да креваат раменици бидејќи нема да победат на изборите, наведе Ковачевски.

Тој додаде дека „со лажни вести, со фингирање анкети, со злоупотреба на институции, со празни зборови и со ширење страв, ниту се победува на избори, ниту се гради држава“.

– Слушај само што зборува и нивниот лидер и другите околу него. „Дајте ми доверба, па потоа ќе ви кажам што ќе направам“, вели, „може ќе ја менуваме програмата, имаме план, немаме план, ама ако имаме план, ќе ви го кажеме по избори“. Затоа сакам да им порачам, манипулации со зборење едно зад врата, а друго на улица, не се води држава. Со едни ветувања пред странците, а со други пред граѓаните, не се станува одговорен и чесен политичар. Доверба на вересија не се добива. Држава на одложено не се води, истакна Ковачевски и дополни дека „се радува што се различни од нив“.

Ние, посочи, јасно и гласно, колку и да е тешко и напорно, работите ги кажуваме отворено и јавно.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од големиот собир во Охрид од каде партијата по традиција влегува во предизборните кампањи, повика на обединување на сите граѓани независно партиската, националната и верската припадност, на обединување во борбата за изградба на ново општество, општество изградено врз здрави темели, за заедничка иднина со подобро утре, за соживот, за отчетност, заеднички против сиромаштијата, за заеднички вредности, за реформи, работа, подобар живот…

Мицкоски пред охриѓани истакна дека народот на овие избори доаѓа по своето, да си го врати она што му е одземено, доаѓа да си ја врати во свои раце Македонија и да ги отпочне големите промени на свеста, на начинот на живот, на вредностите со кои ќе покаже на сите дека може, дека знае, дека си ја сака државата…

– Тука сме во Охрид,  посилни од било кога, стоиме горди и исправени обединети и сложни , со јасна заедничка цел…Нашата идеја се вика Македонија, а нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот и да ја одземеме од рацете на стотина функционери на ДУИ и нивните измеќари од СДСМ, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред охриѓани ја претстави програмата наречена „Платформа 1198“, за која рече дека е светилник на надежта, сериозна, најдобра изборна програма досега.

Кампањата за парламентарните избори, продолжува денеска со активности на партиите и коалициите за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици во земјава. Во исто време, продолжуваат и активностите за кампањата за претседателските избори која ќе трае уште четири дена.

Ј. Ѓ.

Next Post

Партиските каравани на терен, кампањата за претседателските избори ќе трае уште четири дена

НАЈНОВО

фото: Димитар Атанасоски

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

November 4, 2025

Магла изутрина, од четврток промена – доаѓаат локални врнежи од дожд

November 4, 2025

(ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk