ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Косово ја исполни својата обврска, ЕУ да ги укине неправедните мерки, соопшти владата во Приштина

April 22, 2024 13:31
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Владата на Косово оцени дека со организирањето на процесот на гласање за разрешување на градоначалниците на косовскиот север, Косово ги исполнило своите обврски и побара од Европската унија (ЕУ) да ги укине санкциите кои му ги воведе во јуни минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на Владата се наведува дека без разлика на резултатот, обврската што ја имаше Косово е исполнета.

„Со завршувањето на овој процес, без разлика на резултатот, Република Косово ја исполни својата обврска кон своите граѓани и одговорноста преземена од договорот со Европската унија за деескалација на ситуацијата на северот на земјата. Затоа, по вчерашното гласање, време е конечно да се отстранат неправедните мерки кон Косово“, се вели во соопштението на Владата.

Според неа, резултатите од гласањето во недела покажуваат дека нема волја за разрешување на градоначалниците.

„Владата на Република Косово изразува жалење за слабата излезност на вчерашното гласање и им се заблагодарува на оние кои го искористија своето демократско и законско право. Свесни сме за околностите во четирите општини на северот на Косово, особено за големиот притисок што го вршат белградските власти врз косовските граѓани од српска националност во овие општини. Резултатите од вчерашното гласање покажуваат дека нема волја за разрешување на актуелните градоначалници на општините“, се вели во соопштението.

Владата ја обвини најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, за бојкот на процесот.

„Потсетуваме дека овој процес беше поттикнат од постојаното барање за нови избори во овие општини, кои произлегуваат од немањето целосен легитимитет на актуелните градоначалници по слабата излезност на граѓаните на изборите од 23 април 2023 година… Но, Српска листа, која првично беше причина за изборите на 23 април преку оставка на нејзините градоначалници, а потоа и иницијатор на вчерашното гласање, повторно ги бојкотираше демократските процеси наспроти повиците на меѓународната заедница и граѓанскиот интерес“, се вели во соопштението.

Владата изрази подготвеност да ги поддржи градоначалниците.

„Во оваа прилика, Владата на Република Косово уште еднаш ја изразува својата поддршка и подготвеност да соработува со градоначалниците на општините Северна Митровица, Звечан, Зубин-Поток и Лепосавиќ во исполнувањето на нивните надлежности и во служба на граѓаните од овие четири општини, без разлика на нивната припадност“, се вели во соопштението.

Во четирите општини во северно Косово, Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин-Поток се организираше гласање за разрешување на градоначалниците. Но, иницијативата на српските граѓани пропадна.

За разрешување на градоначалниците, требаше да гласаат 50 отсто од над 46-те илјади гласачи запишани во избирачкиот список, но на крајот на денот беа собрани едвам 250 гласа во четирите општини. Доколку се исполнеше овој услов, ќе се организираа вонредни локални избори во споменатите општини. Со оглед дека учествуваа помалку од 50 отсто, гласањето се смета за неуспешно и не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци.

Според Централната изборна комисија, во Северна Митровица гласале 111 лица, во Лепосавиќ 124, во Зубин-Поток 18 и во Звечан ниту еден.

Next Post
Александар Новаковски. Фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ

Новаковски: Државата создаде услови за фер и демократски избори и тоа никој не може да го негира

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk