„Упатувам порака до претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, поддржан од граѓаните и Коалцијата за европска иднина: Ова е наша заедничка борба, ќе се бориме рамо до рамо, бидејќи ова е најважната битка за европската иднина. Нашата цврста и одлучна борба продолжува и на 8 Мај кога не очекува вториот круг, како и изборите за пратеници,“ рече синоќа на прес-конференција претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Тој посочи дека ова е само прв круг, вториот круг е за две недели кога се очекуваме и подобар резултат. Ковачевски дополни дека на овие избори имаше најголем број кандидати за претседател, седум. Како и дека најголемиот дел од кандидатите се од левиот и центар политички блок.
„СДСМ како и коалицијата се обединети околу идејата за европска Македонија и презентирање на програмата пред гласачите. Се гледаме од утре на средби со граѓаните и за две недели на втор изборен круг,“порача Ковачевски.