ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Делете ја, парчете ја…

April 29, 2024 16:05
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

„Нема, нема, не ќе се роди поубаво девојче од Македонче“ – ечеше спортската сала „Кале“ пред 22 години кога женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја, откако го крена престижниот пехар во Лигата на шампионите.

И после 22 години, сè уште ме лазат морници, ме обзема некоја радост, чувствувам некоја победа, сплотеност, единство кога ќе ја слушнам песната „Македонско девојче“, без разлика дали се пее во некоја  кафеана, свадба, прослава, митинг… мене секогаш ќе ме потсетува на тој убав момент.

За разлика од тогаш, денес, онака предизборно, пред два дена, дел од новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката, поданички, (оркестрирано) и „спонтано“ пред техничкиот министер Панче Тошковски ја запејаа песната „Бисер Балкански“.

На снимката што се објави во медиумите и на социјалните мрежи се забележува дека еден или двајца почнуваат да пејат, а останатите веднаш им се приклучуваат како навичка група: „Солзи сами капат, прости ми, тешки се ко твојте планини, плаче срце од три страни, што крвави многу години. Еееј Македонијо ти си бисер Балкански, сплоти Пирин, Егеј син, со бистри води Вардарски“. Во целата кореографија фалеше уште „водоносецот“ од 27 април во Собранието, оперскиот пејач, Дурловски.

Тенка е линијата меѓу патриотизмот и национализмот, особено во изборната кампања.

Пред два дена, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски на рингот се појави во комитска облека и откако го совлада турскиот борец, Берк Дузенли, и стана нов светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, (до 88,6 кг), победата ја прослави со скандирање: „Нека знаат добро сите најјаки се комитите“, додека претседателот на Кик Боксинг федерација на Македонија, Дејан Митревски – Урко, инаку поранешен телохранител на експремиерот, бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски, и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му ракоплескаа.

И така, во предизборието (ќе) се крева национализмот, (ќе) се „обележуваат територии и упатуваат пораки“ преку „патриотски“ песни, поставување на огромни крстови, споменици, мурали на бранители (кои би требало да бидат направени уште пред 20 години)…

Замислете само, во новата влада министер за внатрешни работи да биде Албанец и „спонтано“ неколку полициски службеници да му ја отпејат патриотската албанска песна „Mora fjalë“ или како што ние си ја знаеме „Чу Адем“…? Како тогаш ќе се чувствуваат нивните колеги/другари, оние што пееја „делете ја, парчете ја“… или дали ќе има вакво одобрување и молк од медиумите и неутралците?

Денес е „Бисер балкански“, утре да не биде „Од каде дојдовте да не дојдевте“…

Другар(к)и, изборите ќе поминат, а ние ќе треба да живееме и да се радуваме на секој успех заедно, без разлика на нашата етничка, верска, партиска, навивачка или било каква друга припадност.

П.С. „Бисер балкански“, „Македонско девојче“, „Заветна“… ми се едни од омилените македонски песни и не би сакал да се исполитизираат. Нека си останат дел од македонското културно богатство за да можеме сите да си ги чувствуваме како свои песни.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk