ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Инаугурација на претседателот се очекува по 12 мај

May 7, 2024 16:08
in PMD, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Претседател на држава се бира во последните 60 дена од мандатот на претседателот, а мандатот на сегашниот претседател Стево Пендаровски истекува на 12 мај, што значи по овој датум се очекува и инаугурација на новиот претседател што ќе се избира на непосредни избори кои ќе се оддржат утре (8 мај).

Според Член 123 од Изборниот законик пред преземањето на должноста, најдоцна во рок од десет дена од денот на објавувањето на конечните резултати, но не порано од денот на престанок на мандатот на претходниот претседател, претседателот на Републиката дава и потпишува свечена изјава пред Собранието, која гласи:

„Изјавувам дека функцијата претседател на Република Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно, ќе го почитувам Уставот и законите и ќе го штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.”

Еден кандидат може да стане претседател само ако добие мнозинство гласови од вкупниот број запишани избирачи. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а во трка се кандидатката поддржена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател и сегашен кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

Во првиот круг од гласањето за претседател на државата што се оддржеа на 24 април, од седумте кандидати кои беа во трка, Давкова и Пендаровски освоија најмногу гласови, односно 363,085 гласови за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и 180, 499 гласови за актуелниот претседател и кандидат на СДСМ.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, што значи утре на 8 мај ќе имаме избори за вториот круг на претседателските избори, но истовремено ќе имаме и парламентарни избори.

За претседател се избира кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите.

Претседателот е врховен командант на вооружените сили на Македонија. Според Уставот и член 83, шефот на државата ужива имунитет, а за одземање на имунитетот може да одлучи само Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

Next Post

19-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности е заокруженo со последните два мурали во Кичево и Скопје

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk