Градинката „Пролет“ во Козле, една набљудувачка на својот телефон пушта химна на одредена политичка партија во самото ИМ, без никаква реакција од ИО. Дури по укажувањето од граѓанин, ИО реагирал со опомена.
На истото ИМ, членовите на ИО гласно изговараат имиња, и коментираат на глас ако некој одбие да земе едно од гласачките ливчиња. Тоа претставува нарушување на тајноста на гласањето, како и влијание, односно кршење на изборниот молк.
Во избирачкото место 2720 во Аеродром, членовите на ИО на глас прашуваат зошто некои граѓани не прифаќаат едно од гласачките ливчиња.
Но има места на кои кршењето на изборниот молк се прави и на друг начин. Да погледнеме.
Во Чаир на ИМ 2882, О.У. „Хасан Приштина“, член на Избирачки одбор им сугерира на гласачите да не прифаќаат едно од гласачките ливчиња.
Во Куманово на ИМ 1046, Библиотека „Тане Георгиевски“, на лице со попреченост (слепо лице) не му се обезбеди право на глас затоа што го немаше во Избирачкиот Список. ИО напиша забелешка и го упати во ОИК да пријави.
Во Битола, на ИМ ‘0064, во ОУ „Коле Канински“, набљудувачите и членовите на Избирачкиот одбор не носеа беџови за идентификација. Во разговор во самото избирачко место членовите на ИО споделиле дека им биле доставени само 3 беџа од страна на ДИК, а бидејќи тие се 7-мина, никој не ставил беџ.
Во Кичево, на ИМ ‘0733, ОУ „Санде Штерјоски“, член од ИО имал партиски знак на задната страна на телефонот.
Преземено: Цивил Медиа