ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Меѓунарадни набљудувачи: Изборите конкурентни и организирани ефективно, забелешки за законодавството

May 9, 2024 17:39
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарните и претседателски избори беа конкурентни и основните слободи беа почитувани иако процесот останува недоволно регулиран, а изборното законодавство обезбедува соодветна рамка за одржување демократски избори, но празнините и двосмисленостите ја загрозуваат правната сигурност поради што е потребна нивна ревизија. Ова се прелиминарните заклучоци на Меѓународната набљудувачка мисија за вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори што се одржаа вчера во земјава.

-За жал, Изборниот законик неодамна беше изменет во недоволно транспарентна забрзана постапка и без консултации со јавноста што не е во согласност со меѓународните стандарди и заложбите на ОБСЕ. Иако во измените беа вклучени некои од претходните препораки на ОДИХР, и технички предлози на ДИК, тие во голема мера не ги зедоа во предвид препораките на меѓуагенциската работна група задолжена за изборните реформи. Голем број на клучни препораки на ОДИХР и на Венецијанската комисија при Советот на Европа, останаа нерешени вклучувајќи ги и оние за системско ревидирање на Изборниот законик, за обезбедување еднаков пристап до медиумите во изборните кампањи и за зголемување на отчетноста и интегритетот на финансирањето на кампањата, истакна шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Џилијан Стирк.

На новинарско прашање таа појасни дека е важно и е нивна препорака измените на Изборниот законик да се донесуваат подолг период пред самите избори, а не краток период пред изборите.

Стирк нагласи дека опсежното и плуралистичко покривање на кампањата во медиумите им даде можност на гласачите да направат информиран избор, но негативната реторика и националистичките слогани го нарушиле инаку стабилниот предизборен период. Во контекст на родовата рамноправност во извештајот се нагласува дека со забележителниот исклучок на една жена претседателски кандидат во вториот круг во кампањата, генерално биле вклучени малку жени политичарки. Во контекст на транспарентноста и отчетноста во финанансањето на кампањата се посочува дека тие биле ослабени поради минималните обврски за финансиско известување и ограничениот капацитет на надзорните органи вклучувајќи и за следење на злоупотребата на административните ресурси.

Властите вклучувајќи ја ДИК и Уставниот суд, не секогаш адекватно ги решаваа приговорите поврзани со изборите на навремен и транспарентен начин со што, како што се наведува во прелиминарната оценка, била ограничена ефективноста на правните лекови.

Изборите беа организирани ефективно, но, се посочува, честите наводи за купување гласови во предизборниот период пред гласањето влијаеле на довербата во процесот.

За самиот изборен процес, се наведува дека во набљудуваните избирачки места процесот на гласање бил уреден, транспарентен и позитивно оценет. Но се забележува, во неколку случаи избирачките одбори не се придржувале целосно до пропишаните процедури при пребројувањето на гласовите.

Учесниците во Меѓународната набљудувачка мисија набљудувале вкупно 1340 избирачки места при што позитивно ги оцениле процедурите за гласање во огромно мнозинство од нив. Сепак се посочува биле забележани некои случаи на групно и семејно гласање.

Меѓународната набљудувачка мисија на денот на изборите имала распоредено 344 набљудувачи од 42 земји. Во мисијата беа вклучени претствници од ОБСЕ/ОДИХР, од Парламентарното собрание на ОБСЕ, од Парламентарното собрание на Советот на Европа и од Европскиот парламент. На самиот ден на изборите биле набљудувани 123 избирачки места, а гласањето на 1340 избирачки местаПребројувањето пак, било набљудувано на 106 избирачки места, а сумирањето на гласовите во 66 општински изборни комисии.

Финалниот извештај, вклучувајќи и препораки за можни подобрувања за првиот и вториот круг за претседателските како и за параментарните избори ОБСЕ/ОДИХР најави дека ќе го објави за два до три месеци по завршување на изборниот процес..

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk