ЦИВИЛ – Центар за слобода во петок, 10 мај, со почеток во 11 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе го презентира прелиминарниот извештај од мониторингот на претседателските и парламентарните избори што се одржаа на 8 мај. На прес конференцијата, ЦИВИЛ ќе ги соопшти и следните чекори во контекст на мониторингот, анализите и препораките што произлегуваат од долгорочниот мониторинг и учеството во изборните реформи.
КЛИКНЕТЕ НА ЛИНКОТ ЗА НАСТАНОТ НА ФЕЈСБУК
Прес-конференцијата ќе се одржи во прес-центарот на организацијата на 3. кат во Бизнис центарот Палома Бјанка (линк до локација).
Добредојдено е и лично присуство и виртуелно учество. Прес-конференцијата ќе се пренесува во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube. Прашањата може да се достават преку е-пошта или месинџер најдоцна еден час пред почетокот на настанот.
Тим за комуникации на ЦИВИЛ
Преземено: Цивил Медиа