ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Дерала: Изборниот ден мина во мирна и демократска атмосфера, но со повеќе видови на нерегуларности

May 10, 2024 16:04
in PMD, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Прелиминарна оценка за парламентарните и претседателските избори одржани на 8 мај е дека тие изминаа во мирна и демократска атмосфера, без инциденти и без значителни нерегуларности, но со оглед на принципот Нулта толеранција за изборните нерегуларности што го следи ЦИВИЛ во својот мониторинг, за одбележување се повеќе видови нерегуларности кои беа забележани на денот на изборите, објави на прес – конференција претседателот на ЦИВИЛ- Центар за слобода, Џабир Дерала.

Прес конференција на ЦИВИЛ за изборите

Тој истакна дека општо земено граѓаните со право на глас имаа можност да ја изразат својата избирачка волја слободно, соодветно на Изборниот законик и демократските принципи и стандарди.

„Ставот на ЦИВИЛ е дека тие случаи, регистрирани на самиот ден на гласањето, не влијаат значително на општата оценка која е позитивна“, рече Дерала, додавајќи дека овие оценки се однесуваат на краткорочниот мониторинг кој го опфаќа изборниот молк и денот на гласање.

Тој рече дека анализите и оценките кои произлегуваат од долгорочниот мониторинг на изборниот процес и општествено политичките состојби и трендови веќе сега се во поодмината фаза на подготовка и ќе бидат презентирани на почетокот на јуни оваа година.

„Сенка на изборниот ден фрлија повеќе извештаи кои се однесуваат на тоа што се случуваше во самите избирачки места. Очигледно е дека еден дел од членовите на избирачките одбори низ целата земја – или не се доволно добро обучени, или се оддадоа на исполнување политички агенди, со тоа што агитираа, односно се обидуваа да извршат влијание врз дел од гласачите. Зависно од тоа од кој политички табор беа ангажирани, дел од членовите на избирачките одбори во избирачките места што ги опфатија набљудувачите на ЦИВИЛ, го поддржуваа или се обидуваа да го спречат бојкотот на Претседателските избори“, кажа Дерала.

Прес конференција на ЦИВИЛ за изборите

Исто така, истакна Дерала, се бележат и случаи на кршење на изборниот молк и нарушување на тајноста на гласањето, а во еден дел од случаите, се бележи непостапување по однос на кршење на изборниот молк од страна на набљудувачите, партиски или граѓански.

“Илустративен случај е оној од избирачко место во градинката „Пролет“ во населба Козле во општина Центар, Скопје, каде што набљудувачката ја пушташе химната на ВМРО-ДПМНЕ на својот телефон, среде избирачкото место. Реакција имаше само откако граѓанин упатил забелешка„ кажа Дерала.

Тој се осврна и на неславениот инцидентот кој го предизвика член на ИО во село Јанчишта, општина Јегуновце, во кој набљудувач на ЦИВИЛ беше вербално нападнат со клевети и навреди против ова организација. За овој случај, запознаена е и ДИК и меѓународната заедница.

Изборите и на 7 и 8 мај изминаа во знакот на кршење на изборниот молк. Партиските активисти, па и функционери, како и анонимни профили на социјалните мрежи познати на Цивил мониторинг тимот како партиски пропагандисти – водеа вистинска војна на социјалните мрежи, истакна Дерала.

Цивил за овие избори распореди 80 мобилни краткорочни набљудувачи низ целата земја.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

За туристите во Албанија ставени во функција 36 летни здравствени амбуланти

June 3, 2025

Објавени добитниците на грантови за граѓанските организации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците

June 3, 2025
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УКИМ отпадна од листата 2.000 најдобри универзитети во светот според CWUR

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk