ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шефот на грчката дипломатија Герапетритис: Патот на Северна Македонија кон ЕУ поминува и преку верното придржување до Договорот од Преспа

May 12, 2024 14:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во однос на Северна Македонија, повеќепати нагласив дека патот на земјата кон Европската Унија поминува и преку верното придржување до Договорот од Преспа, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за неделното издание на весникот „Врадини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија потсети на ставот на Нова демократија во периодот кога беше опозиција, посочи дека е неопходно Договорот од Преспа да продолжи да се спроведува, оценувајќи дека ова ќе биде и ставот на новата Влада.

Јоргос Герапетритис

– Овој Договор претставува меѓународен договор, кој е над секој внатрешен закон и треба да се почитува од страните и секако не е дозволена негова ревизија без договор на страните. Во оваа смисла, сметаме дека е неопходно Договорот да продолжи да се спроведува и сметам дека ова ќе биде ставот и на новото политичко раководство на Северна Македонија, кое ќе произлезе по изборите. Грчката влада континуирано и строго го следи спроведувањето на Договорот и ќе ги направи неопходните интервенции, истакна Герапетритис.

Паралелно ја повтори и грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, потенцирајќи дека „овие држави треба да бидат во јадрото на Европската унија“.

Денеска грчката амбасадорка Софија Филипиду ја напушти собраниската сала за време на изјавата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова. Претседателката во свечената изјава за време на инаугурацијата не го користеше уставното име Република Северна Македонија.

„По инструкции од Министерството за надворешни работи на Грција, амбасадорката Софија Филипиду ја напушти салата“, велат од грчката амбасада за „360 степени“.

Во кампањата која ја водеше под слоганот „Македонија повторно горда“, Силјановска -Давкова говореше дека придавката „Северна“ нема да ја користи, но ќе стои пред табла со новото уставно име. Таа имаше изјавено и дека е против уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, но доколку Собранието донесе таква одлука ќе ја почитува, бидејќи Собранието е уставотворен орган. До граѓаните порачуваше дека треба да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок, а Преспанскиот договор за неа, како што велеше, е политички и правно отворено прашање.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во интервју објавено вчера за грчката телевизија „Алфа“ истакна, меѓу другото, дека со загриженост следи некои изјави на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите во Северна Македонија, но ќе го чека официјалниот став на новиот премиер за тоа како ќе се нарекува земјата во официјалните изјави.

Мицотакис додаде дека и тој лично не се согласувал претходно со договорот, особено во деловите „македонска нација“ и „македонски јазик“, но сепак одбрал да го почитува и да се држи до одредбите.

„Јас не се согласував со договорот но го прифатив поради континуитетот на државата и го почитувам. Да бидеме трпеливи, сакам да се надевам дека она што се слушна пред изборите нема да го сочинува ставот на новата влада, бидејќи во спротивно ќе имаме проблеми“, предупреди Мицотакис во интервјуто.

Поврзано: 

Грчката амбасадорка Софија Филипиду ја напушти собраниската сала за време на изјавата на Силјановска Давкова

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрцијаДоговор од ПреспаЈоргос Герапетритис

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk