ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ од Котор: Европеизацијата на државата со Планот за раст мора да продолжи за просперитет на секој граѓанин

May 16, 2024 08:23
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како носечки ресори во Владата на Северна Македонија за Планот за раст, Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии, ги презентираа приоритетите од Реформската агенда утврдени како наша обврска во Планот. Од ЕУ имаме високи признанија за тие приоритети и тие се усогласени и со приоритетите на Брисел, рече во видеоизјава вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по министерскиот состанок за Планот за раст кој се одржува во Котор, Црна Гора.

Нагласувајќи ја важноста за Планот за раст на ЕК за  Западен Балкан, Маричиќ истакна дека нема време за губење во успешното спроведување на договорените обврски на секоја од земјите опфатени со Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија.

-Во една реченица тоа е главната порака од Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и на министрите за финансии од земјите од регионот со највисоките претставници на Европската комисија и на финансиските институции на ЕУ задолжени за успешна и навремена имплементација на Планот за раст, наведе Маричиќ.

Како што соопштува Секретаријат за европски прашања, Маричиќ информира дека веќе се договорени и усогласени нашите обврски за Пристап до единствената област за плаќање во евра, за Зелените ленти за унапредување на олеснувањето на трговијата и транспортот, за слободните вај-фај зони на јавните простори во 500 општини во регионот и за развој на дигиталните иновативни центри. Како што рече, утврдени се и следните чекори.

-Еден од нив е работата на проектите за Академија за единствен пазар за да се осигура дека националните системи целосно се усогласуваат со оние на ЕУ. Од исклучителна важност е прифаќањето на Дигиталниот паричник, како удобен и безбеден метод за граѓаните и бизнисите да го утврдат нивниот идентитет, користејќи ја нивната дигитална лична карта за интеракција и во јавниот и во приватниот сектор. Како трет приоритет до следната средба е договорено да работиме на придружувањето на земјите од Западен Балкан кон Алијансата на ЕУ за критични лекови и медицинска опрема за зајакнување на националните здравствени капацитети.За сето ова должиме благодарност до ЕК за постигнатите цели досега и за нивната тесна соработка со нашите институции, изјави Маричиќ.

Посветеноста на ЕУ за забрзување на евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан и на Северна Македонија, нагласува тој,  „е силен поттик за нас на ниту еден начин да не го опструираме овој процес“.

-Станува збор за процес за брза европеизацијата на државата којашто мора да продолжи според веќе утврдените планови и приоритети за просперитет на секој граѓанин, на Северна Македонија и на регионот и Европа, истакнува Маричиќ во изјавата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: КоторМаричиќ
Next Post

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk