Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека е чест и привилегија да ја претставува својата земја на Олимписките игри и додаде дека ќе се обиде да биде најдобар што може на Игрите во Париз, кои се на програма од 26 јули до 11 август.
-Да ја претставувате својата земја на Олимписките игри е чест и привилегија. Олимписките игри се нешто посебно, а самото тоа што сте во тоа село ве прави да се чувствувате особено инспирирани и горди, изјави Ѓоковиќ за веб-страницата на Светската тениска федерација (ИТФ).
Ѓоковиќ нема златен медал од Олимписките игри, а најголемиот успех го постигна во 2008 година во Пекинг, кога ја освои бронзата.
-Освоив бронзен медал, тоа беше одамна. Сепак, ќе учам од претходните искуства и ќе се обидам да ја задржам рутината за да можам да се претставам најдобро што можам. Имав најголема можна чест да го носам српското знаме. Го немав тоа искуство од игрите на отворањето на церемонијата од Лондон 2012 година, додаде тој.
Ѓоковиќ истакна дека се надева дека ќе има можност повторно да го направи тоа и да ужива во искуството на Олимписките игри, бидејќи, како што вели, тие се посебни.
-Да ја претставуваш својата земја е голема чест и да се биде дел од најстарото спортско натпреварување, тоа не може да се спореди со ништо во мојата тениска кариера, заклучи Ѓоковиќ.