Семејни соѕвездија – Семејни констелации во Женски солидарен круг 2# отпуштање од теретот на минатото и будење на внатрешното дете, настан во Европска куќа во Скопје на Дороти Пачкова и Елена Макаловска Јовевска што ќе се одржи на 10 јуни 2024 година.
„Симболично, на денот кога се распуштавме во времето кога се образовавме, 10 јуни, го кокреираме овој Семејни соѕвездија – Солидарен круг, за да ви претставиме порта кон ослободување од минати трауми, ваши и на вашата семејна линија, на нашето поднебје, но и за да го пробудиме и подготвиме за долго топло и игриво лето, вашето внатрешно дете“, се наведува во објавата на настанот.
ШТО СЕ СЕМЕЈНИ КОНСТЕЛАЦИИ – СЕМЕЈНИ СОЅВЕЗДИЈА?
Во сложениот пејзаж на човечкото искуство, врските што нè поврзуваат со нашите семејства често ја обликуваат самата суштина на тоа кои сме.
Family Constellations – Семејни созвездија, длабок терапевтски пристап, нуди единствена леќа преку која можеме да ги разбереме и да ги отплеткаме овие сложени врски.
Во неговото јадро, Family Constellations – Семејни соѕвездија е системски метод кој ја расветлува скриената динамика во семејните системи.
Развиен од германскиот психотерапевт Берт Хелингер, овој пристап потврдува дека нашите животи се длабоко испреплетени со искуствата, траумите и лојалноста на нашите предци, предки. Овоој пристап растајнува дека нерешените прашања во семејствата, одекнуваат низ генерации, влијаејќи на нашите односи, здравје, потомство, кариера и целокупна благосостојба на живеењето.
Како функционираат семејните соѕвездија?
Замислете соѕвездие од ѕвезди на ноќното небо, од кои секоја претставува член на вашиот семеен систем.
Преку воден процес, учесничките во работилницата за Семејни соѕвездија или тераписка сесија ги отелотворуваат овие членови или елементи на семејството, дозволувајќи и на скриената динамика да излезе на површина.
Водителката со останатите вклучени, приспособени на суптилните енергии во игра, го водат истражувањето со емпатија и увид.
Еден од најдлабоките аспекти на семејните констелации – соѕвездија е способностa да открие несвесни заплетки и системски обрасци.
Честопати, носиме товар што не е наше, не е на нас да го носиме — трауми на предците, неискажани лојалности или нерешени конфликти.
Со расветлување на оваа скриена динамика, поединките наоѓаат чувство на ослободување и јасност. Тие стекнуваат подлабоко разбирање за своето место во семејниот систем и, со тоа, ја враќаат својата исконска квинтастична моќ да прават свесни избори и да го трасираат својот пат, по сопствена мерка и лични претензии.
Family Constellations, јас го нарекувам Семејни соѕвездија, не е само увид, ова е техника за траен портал кон трансформација.
Преку процесот на констелација, учесниците имаат можност да ја реконфигурираат системската динамика, поттикнувајќи исцелување и помирување меѓу генерациите.
Со ова ги прекинувате трансгенерациските трауми, и си давате себе си шанса за поедноставување на животот, но и многу важно, ги ослободувате сопствените деца од товарот на трансгенерациските трауми.
Family Constellations е патување на емпатија, простување и длабока поврзаност – патување што ги надминува границите на времето и просторот и овој 3 Де свет.
Семејните соѕвездија нудат свет простор за исцелување и раст, повикувајќи ги поединците да го почитуваат своето минато, да ја прифатат сегашноста и да креираат похармонична иднина.
Со признавањето на меѓусебното влијание на љубовта и болката во нашите семејни системи, го отвораме патот за длабока лична а со ова и колективна трансформација.
Во соѕвездието на нашите животи, наоѓаме храброст да се движиме низ моделите на поврзување со благодат и сочувство.
Семејните констелации се работат ширум светот, давајќи ја слободата на експертот/ката кој/а ги води да ги насочува клиентите/ките, кон своите најдлабоки и несвесни образци, поради кои се однесуваат, реагираат, преземаат акции, се чувствуваат на одреден начин, а не е нивни личен, туку оставен како семејно наследство од семејното стебло, но и за нас, од ова поднебје, од балканското културно наследство.
Пријавете се ако имате:
Преживеана траума, загуба
Се соочувате со образец на однесувања кои не ви служи
Сакате да се ослободите од емоции кои ве намалуваат
Сакате да се разрешите од семејни конфликтни ситуации
Сакате да бидете најдобар што можете родител
Сакате а не можете да останете бремена
Решени сте да направите кариерна промена
Мислите дека сте магнет за енергетски вампири
Сакате да скалирате
Ви недостаува партнерска љубов
Сакате да се пронајдете и не ви оди баш
Сте на патот на работа на себе
Решени сте да престанете да се изневерувате себе си…
Агенда на настанот:
Пригодно воведно предавање
- Поставување на Семејни констелации – Семејни соѕвездија, со фокус на соочување и напуштање на предизвикувачката состојба.
- Откривање на внатрешното дете и работа со него, прекуу заедничарење во Женски круг
- Кондиционирање на внатрешната лична моќ, преку сојузот на Женскиот солидарен круг и Семејни соѕвездија
Затварање на настанот
Женски солидарен 2# распуст од теретот на минатото и будење на внатрешното дете, преку Семејни констелации
ШТО Е ЖЕНСКИ КРУГ?
Женски круг е свето и безбедно место создадено наменски и со намера, да се зајакне вашето најчисто јас.
Женски кругови се прават секаде во светот, од најдамнешни времиња, од предисториско доба и ова е најмоќниот начин за брзо поврзување со себе, своите емоции, својата интуиција, своето тело и најисконска природа.
Преку женскиот круг, ја достигнувате личната слобода и супериорност-квинтастичност, поддржани.
-Држиме простор една на друга, една за друга и една со друга.
-Преку вежба го будиме нашетоо внатрешно дете
-Ослободуваме се што носиме, осветлуваме слепи точки, но и ставаме под рефлектор светлосни комети кои имаат за цел да не вивнат.
-Кокреираме водена медитација само за потребите на учесничките.
-Шириме полиња благодарност за продлабочувањето во себе си, а со цел живеење посуштински и игриво.
ОНА КОЕ ГО ДОБИВАТЕ ОД ЖЕНСКИОТ КРУГ:
-спознавање на себе
-конекција со другите жени, женско заедничарење на целовит начин
-станувате слушнати, видени, прифатени
-се себеисцелувате на најразлични нивоа
-се конектирате со универзалното квантно поле на севозможности
-добивате суперчовечки – квинтастични моќи
ДЕН: 10.06.2024 година
ВРЕМЕ: 17:30 до 19:30 часот, Пристигнување од 17 до 17:30
МЕСТО: EU HOUSE Skopje, Св. Кирил и Методиј 52б, Скопје 1000
ПРИЈАВИ СЕ: https://docs.google.com/…/1cWiYBBuO8Mit2JuQMK6eWhv…/edit
Гласно и емпатично, баш какво што е самото детство, искрено и од срце, го создавам овој настан, жедна како дете кое си играло на сонце, за да отворам поток од сите нас, да ја угаснеме жедта на една мајка која копнее да слушне едно „мамо“ од своето трето чедо, трета година за ред.
Поради оваа причина, ПОЛА од средствата од овој настан, ги насочувам на сметката на мајката, која ќе ги намени за трансплатација и лекување на својата малечка Аника:
За оние кои сакаат да придонесат и надвор од овој крууг кон зацелувањето на Аника:
Комерцијална Банка, Денарска сметка: 300000007091221023, Девизна: Elena Makalovska-Jovevska 0230706884926 IBAN MK07300307068849219, SWIFT KOBSMK2X
За водителката:
Дороти Пачкова
Авторка, М-р. Родова експертка, Холистичка Консултанкта, НЛП Практишнер Мастер, Системски Коуч, Водителка на женски кругови, Кеј Ноут Спикер, Консултантка за постигнување квинтастичност-суперчовечност и спиритуална номадка од најрана возраст.
Покрај интелектуалната наобразба, формална и неформална, паралелно и духовно се себеоткрива, истражува и открива нови начини за манипулирање на сопствената енергија.
Иако има над стотина дипломи, сертификати, признанија, пофалници, државни, регионални награди и е добитничка на над 30 награди за Жена на годината, Социјален Импакт, Социјална инклузија, Родова еднаквост, Феминизам и Лидерство, Претприемништво, Современо водство, Активизам, иако е самата Професорка по Родови науки, за себе вели дека е вечна ученичка на овој свет.
Авторка е на плејада дела, истражувања, анализи, публикации, прирачници, дидактички материјали.
Огромното животно искуство, академско и теренско, го практицира и преку креирање и имплементација на мноштво авторски проекти, повеќегодишни и децениски, во земјата и интернационално.
развој, запознавање на себе, водени медитации, Divine Feminine, Bereginji dens, Женски кругови, ембодимент, свесно живеење, страствена работа, мајчинство, водство за жени лидерки, слобода за девојки и жени, економска слобода, емотивна интелегенција и многу други… најдраг и е програмот и унифицираната формула за КВИНТАСТИЧНОСТ, преку која ги обединува сите создадени работилници од изминатата деценија.
Од оваа КВИНТАСТИЧНА формула, потекнуваат најновите, Картички за Интуитивно Деловно работење, 3 Прирачници и Дневникот Планер за Квинтастичност.
Се создадено и во вечно пресоздавење, направено е со океанска љубов, за секоја една да може да ги живее тука и сега, и своите најлуди соништа.
Биди и ти дел од КВИНТАСТИЧНОСТА-СУПЕРЧОВЕЧНОСТА НА ЖЕНИТЕ ОД НАШЕТО ВРЕМЕ.
Дороти,
Со океанска љубов,
за секоја една да може да ги остварува своите најлуди соништа