Норвешка ќе го признае постоењето на палестинска држава од 28 мај, соопшти денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и покрај предупредувањата од израелската влада.
– Ние веруваме дека решението со две држави е во најдобар интерес на Израел, рече норвешкиот премиер на специјално свикана прес-конференција. Тој додаде дека целта е „да се оствари палестинска држава која е политички кохезивна и која произлегува од палестинската самоуправа“.
Се очекува и други европски земји денеска да преземат слична иницијатива. Шпанскиот премиер Педро Санчез се очекува да го објави датумот кога Мадрид ќе ја признае палестинската држава, а ирската влада утринава свика прес-конференција за да ја објави својата одлука.