„Никогаш во СДСМ немало таков простор во кој нема предвидување кои луѓе од дворот би можеле да бидат. Дали бил Бранко, Бучко, Тито, секогаш имало фаворити кои се навидувале како идни лидери. Сега нема пикови, нема фаворити кои се највувале во претходниот период. Познато ви е од медиумите дека има 5-6 кандидати. Дали ќе излеземе од оваа битка мудри да извлечеме еден сериозен лидер кој дефинитивно треба да биде и интелектуално и морално и возрасно адекватен,“ рече Зоран Дамјановски Циц, поранешен градоначалник на Куманово од СДСМ, на поткастот Политиканти на Слободен Печат.
Тој посочи дека не може да претпостави кој би бил идниот лидер на СДСМ. Како и дека се очекуваат неколку табори, јуужно-македонско крило, скопско, итн.
Притоа, додаде дека би било добро за партијата тоа да биде човек кој бил дел од раководството, луѓе кои би поставиле авторитативно – харизматичен тип на владеење во партијата. И преголема демократија во партијата која сакаше да ја практикува претходниот претседател, наводно беше многу демократски, а беше строго централизирано, рече Зоран Дамјановски Циц.