ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДУП-от за Лисиче доставен како „дополнителна точка на дневен ред, на шверцерски начин“ непосредно пред седница на Советот на Општина Аеродром

May 29, 2024 18:09
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Спорниот ДУП-от за Лисиче за градска четврт ЈИ 09, блок 09.01 во моментов e на дневен ред на Советот на Општина Аеродром. Како што известуваат советниците на Аеродром од СДСМ за „Фронтлајн“, ДУП-от е доставен како „дополнителна точка на дневен ред, на шверцерски начин“, непосредно пред седницата.

Спорниот ДУП беше ставен три пати на јавна анкета

„Нема простор за згради во Лисиче! Ова е ставот на нашите сограѓани од насеба Лисиче, во врска со коригираниот предлог Детален урбанистички план за градска четврт ЈИ 09, блок 09.01. СДСМ доследно стои на страната на Лисичани и нема намера да поддржи никакви компромисни решенија на штета на граѓаните“, истакна во август минатата година Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Аеродром.

Тој нагласи дека Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги излажаа граѓаните. Очигледно Муцунски нема намера да се откаже од намерата за изградба на највисоката висококатница, за која е предвидено да брои 12 ката, односно приземје, 10 ката и поткровје, вели Ристески.

„Токму под оваа предвидена 12-катница поминува и гасоводна цевка со пречник Фи 426 милиметри, што претставува реална пречка не само за градење, туку и за планирање на нови градби во оддалеченост од најмалку 30 метри лево и десно од гасоводната цевка.

Уште еднаш се докажа дека профитот на поединци за ВМРО-ДПМНЕ е секогаш пред интересите на жителите на Лисиче и Аеродром“, потенцира Ристески.

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, тогаш посочи дека на локацијата на која е предвиден нов ДУП во Лисиче не станува збор за изградба на стотици згради и наводно некакво „бетонирање“, напротив станува збор за детален урбанистички план кој подразбира изградба на околу 95% објекти и за индивидуално домување (куќи) и само неколку колективни станбени згради, ДУП кој за првпат предвидува изградба на нов парк во населбата Лисиче.

Околу 230 анкетни листови доставија жителите на Лисиче до Општина Аеродром на вториот повик, по жестокиот отпор од тамошното население и протестите поради првичниот план за изградба на 11 висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“.

Предлог ДУП-от за Лисиче ЈИ 09.01, по трет пат на јавна анкета. се најде во 2023 година на 10.08. и траеше до,16.08. во периодот на годишни одмори.

Ј. Ѓ.

Поврзано: 

Спорниот ДУП за Лисиче усвоен со 16 гласа ЗА, против гласаа 11 советници на СДСМ и Левица

 

 

Tags: ДУПЛисиче
Next Post

Спорниот ДУП за Лисиче усвоен со 16 гласа ЗА, против гласаа 11 советници на СДСМ и Левица

НАЈНОВО

Врачена државната награда „Мајка Тереза“ на доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов

August 26, 2025

Коалицијата ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025

Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk