На официјалната Фејсбук страница од МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп, објавено е кратко видео за патувачките театри во Македонија низ историјата и за нивното значење.
„Од видеопрограмата што ја подготвуваме со посебна посветеност, споделуваме за патувачките театри во Македонија низ историјата и за нивното значење… За Војдан Чернодрински, Димче Трајковски-Скопјанчето, Петре Прличко и други, кои во своите патувачки театри истовремено биле и режисери, и драмски писатели, и актери, и продуценти, и организатори…“.
Погледнете го видеото ТУКА
На видеото работеа:
Текст: Весна Ивановска-Илиевска
Чита: Ангела Стојановска
Лектор: Тодорка Балова
Дизајн: Катерина Димовска
Анимација: Михаил Наумов
Монтажа: Кирил Манчевски
Музика: Искра
Фотографиите се од архивата на Театролошката дата база при ФДУ – Скопје.
Претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје ќе го отвори 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Добитници на наградата за животно дело се актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов. Наградата ќе им биде врачена на отворањето на Фестивалот, соопшти уметничката директорка Ана Стојаноска.
На свеченото затворање ќе се доделат годинешните награди, по што следи Концерт на „Добрила и Дориан дуо“.
Комплетната Програма на театарскиот фестивал 58. МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп, ТУКА.