ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преговорите за новата влада во завршна фаза, Меџити – ВРЕДИ добива шест министерства и вицепремиер

May 31, 2024 13:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Траат преговорите за учество во идната влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ, информираат за МИА претставници од политичките партии кои се дел од работните групи. Тие истакнуваат дека преговорите се во завршна фаза, но не ги откриваат  имињата на новите министри. Посочуваат дека кога ќе го финишираат договорот, сите детали ќе и бидат соопштени на јавноста.

Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни. Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, како што информираа од нејзиниот Кабинет, идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада.

Членот на работната група од Коалицијата „Вреди“ Азир Алиу во кратка изјава за МИА соопшти дека очекува преговорите за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ да завршат во наредните 3-4 дена. Алиу не открива детали за разговорите туку само потенцира дека кога ќе завршат преговорите, целата јавност навремено ќе биде информирана со сите детали.

Од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија во писмена изјава за МИА велат дека преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во идната влада се во завршна фаза, но и тие не соопштуваат детали.

– Конкретните кадровски решенија и одлуките за тоа ќе ги донесат органите на Движењето ЗНАМ, низ соодветна интерна партиска процедура и истите ќе бидат соопштени во јавноста. Секоја шпекулација за одредени имиња и ресори Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги оценува како неточни и невистинити, повторуваат од ЗНАМ.

Претседателот на Демократското движење која е дел од Коалицијата „Вреди“, Изет Меџити вчера во интервју за ТВ21 нагласи дека завршен е договорот со ВМРО-ДПМНЕ за првиот ешалон. Тој соопшти дека на Коалицијата „Вреди“ освен собранискиот спикер, ќе припаѓаат и уште шест министерства, седум заменик министри, пет државни секретари и еден вицепремиер.

Градоначалникот на Општина Гостивар и член на Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари на прес-конференција вчера истакна дека преговорите за коалицирање ќе траат уште три-четири дена и посочи дека работните групи интензивно работат.

-Колку што можам да видам, преговорите ќе траат уште три-четири дена. Работните групи работат со поглавјата. Интензивно работат. Кога ќе имаме дефинитивен договор со распределените ресори и со програмата која е веќе завршена, верувам дека ќе излеземе и ќе ги соопштиме јавно на сите граѓани, рече тој.

Досега е објавено дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе имаат министри во министерствата за внатрешни работи, за финансии, за транспорт и врски, за образование и наука, за култура, за надворешни работи, за земјоделства, шумарство и водостопанство, за локална самоуправа, за одбрана, за енергетика, за политички систем и други.

Коалицијата Вреди треба да ги добие министерството за животна средина и просторно планирање, а министерот што ќе управува со него во исто време ќе биде и вицепремиер. Кадри на коалицијата Вреди ќе раководат со Министерството за здравство и Министерството за социјална политика, демографија и млади, со Министерството за економија и труд, со Секторот евроинтеграции, како и со уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

ЗНАМ се очекува да добијат две министерства и тоа Министерство за правда и новото Министерство за администрација.

Но, пред да се избере новата влада на првата собраниска седница треба да се донесат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства, најави вчера во интервју претседателот на Собранието Африм Гаши.

Tags: ВладаМинистри
Next Post

СДСМ започна постапка за избор на нов претседател, изборите на 30 јуни, конгрес на 9 јуни

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk