ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Решив да се кандидирам за претседател на СДСМ, да ја обновиме, реформираме и повторно да ја подигнеме партијата на ниво кое го заслужува

June 3, 2024 14:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот пратеник од СДСМ и поранешен министер, во објава на фејсбук потврдува дека ќе учествува во трката за нов претедател на социјалдемократите.

„По долго размислување и низа разговори со голем број поддржувачи на СДСМ, решив да се кандидирам за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на престојните внатрепартиски избори.

Нашата партија е соочена со голем предизвик и ги поминува веројатно најтешките моменти од нејзиното основање. Ова е време кога многумина се прашуваат дали СДСМ ќе опстане и каква е иднината на партијата. Но, јас силно верувам дека поразот треба да ни послужи како моќен катализатор за промени и обнова. Мојата цел во следните четири години е да ја обновиме, реформираме и повторно да ја подигнеме СДСМ на ниво кое го заслужува. Да создадеме организација која ќе им служи на граѓаните и ќе биде мотор на општествениот напредок.

Мораме да учиме од нашето минато, да ги отстраниме сите недостатоци и да излеземе посилни и пообединети од кога било досега. СДСМ отсекогаш бил и останува столб на демократијата, правдата и напредокот. Силен СДСМ им е пред сѐ потребен на граѓаните како коректив на политиките и насоката во која се движи земјата.

Со мојата кандидатура ќе приложам сеопфатен концепт и програма која наскоро ќе ви ја претставам. Во следниот период ќе се посветам на дискусии и средби со членови и поддржувачи на СДСМ, но и низа поединци, групи и организации кои може да придонесат заеднички да ги поставиме темелите на обновата. Сакам да ги слушнам сите размислувања и идеи кои ќе помогнат да го вратиме СДСМ на победничките патеки и гордоста на нашите членови. Заедно, ќе ја обликуваме иднината што ќе ја одразува нашата заедничка визија за Социјадемократскиот сојуз на Македонија.

Ветувам дека ќе водам кампања со највисока почит кон моите противкандидати. Сите ние сме пред сѐ пријатели и колеги и имаме заедничка цел – посилен и подобар СДСМ. Ова мора да биде натпревар на идеи и визии, а не бојно поле на лични напади. Нашата заедничка цел е да го зајакнеме СДСМ и да им служиме на граѓаните, затоа мора да пристапиме со единство и меѓусебно почитување.

Во овој дух, по затворање на рокот за кандидирање, ги поканувам сите кандидати на заедничка средба да ги договориме правилата на фер и демократска кампања во која на крајот сите ќе излеземе и помудри и пообединети.

За крај, ве поканувам да ми се придружите на ова патување за реформирање и зајакнување на СДСМ, за создавање партија која вистински ги застапува вредностите и потребите на нашите граѓани. Заедно, можеме да изградиме попросперитетна иднина за сите. Ви благодарам за поддршката“, наведува во објавата Филипче.

Во СДСМ на 31 мај почна постапката за вонредни внатрепартиски избори за нов партиски претседател. За 9 јуни е закажан Конгресот на која ќе се анализираат причините за изборниот резултат, а Централниот одбор на партијата предложил и измени на Статутот на партијата за мандатот на претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде четири години.

СДСМ во петокот соопшти дека Централниот одбор на партијата на седницата ден претходно усвоил Правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател за вонредните избори, како и Правилникот за начинот и постапката за активна регистрација за членови на СДСМ.

Врз основа на Статутот на СДСМ, одлуките на Централниот одбор и одлуката на Извршниот одбор, од петокот СДСМ објави Отворен повик за самокандидирање на сите заинтересирани кандидати за претседател на партијата.

-Постапката за кандидирање започнува од 31.05.2024 и ќе трае седум дена, до 06.06.2024 година. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми. За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ кој најмалку еднаш бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата, наведе партијата.

Вонредните внатрепартиски избори ќе се одржат на 30 јуни. Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и Одбори на избирачки места на локално ниво. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: СДСМФилипче

НАЈНОВО

Фото: МИА

Коцевски за синоќешната акција во Кочани: За приведените 13 полициски службеници постојат основани сомненија за сторени тешки дела против општата сигурност

June 13, 2025

Сиљановска Давкова: Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков, да дојде до израз европската креативност

June 13, 2025

Муцунски: Не можам да одговорам дали ќе има средба со Софија, но ние сакаме не една, туку повеќе средби и редовна комуникација

June 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk