ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лажни електронски „судски покани“ во име на МВР и Европол, станува збор за обид за социјален инженеринг

June 4, 2024 13:48
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС

Од Министерството за внатрешни работи во изјава за ЦИВИЛ Медиа велат дека во последниот период во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиена електронска порака наводно во име на Министерството за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Полициска истрага кривичен оддел, во која примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела поврзани со детска порнографија, педофилија, сајбер-порнографија и сексуална трговија, кои ги нема сторено.

„МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвараат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе бидат побарани“, велат од Сектор за компјутерски криминал при Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Од Сектор за компјутерски криминал на МВР ги предупредуваат граѓаните да не отвараат линкови и датотеки кои се испратени во прилог на е-маил пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на нивниот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека не се работи за сајбер напад односно истиот претставува обид за социјален инженеринг, со цел да се извлечат лични податоци од потенцијалните жртви.

„Воедно, сторителите користат VPN сервиси со цел прикривање на своите траги“, велат од МВР за ЦИВИЛ Медиа.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

Next Post

Кој може политички да го обнови и залечи СДСМ?

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Мирот како пораз

August 19, 2025

Џена Ортега: Глумата ме направи повнимателна личност, сега ги бирам зборовите

August 19, 2025
СДСМ

СДСМ: Се потврдува скандалот со милионскиот тендер за испитниот центар во Битола, кој во МВР ќе одговара?

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk