ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Михајловска: Доколку кај одреден тестатор се утврди дека препишувале повеќе ученици, неговото име ќе биде посочено во извештајот

June 4, 2024 22:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Билјана Михајловска вечерва изјави дека доколку кај одреден тестатор се утврди дека препишувале повеќе ученици, неговото име ќе биде посочено во извештајот што ДИЦ ќе го достави до Министерството за образование и наука.

– Сите оценувачи, сите координатори на одреден предмет, ќе мора да ми дадат список. Ако во група од 15 ученици, кај петмина ученици е констатиран препис кај истиот тестатор, тогаш тој тестатор односно неговото име во извештајот што ќе го направи Државниот испитен центар, ќе биде доставено до Министерството. Понатаму, бидејќи во законите не се дефинирани мерки во вакви случаи, Министерството ќе треба да преземе мерки, рече Михајловска во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

За вибер-групата во која беше споделен тестот по мајчин јазик на почетокот на испитот во саботата, Михајловска рече дека не мора да значи оти сите членови на групата се матуранти и дека злоупотребиле нешто. Смета дека проблемот не е во технологијата, туку во ставот кон матурата и чесноста кон испитот, посочувајќи дека лани на тестирањето по англиски јазик било констатирано препишување кај 3.114 ученици, а во 2016 година имало 4.000 тестови со препишување.

– Ако секој ги почитува процедурите односно дека треба да се остават телефоните на страна, зошто тогаш би ни биле потребни блокатори, рече Михајловска.

Според директорот на скопската гимназија „Орце Николов“, Митко Димовски, кога сите би ги почитувале протоколите и би знаеле како да постапуваат, тогаш сите би биле подобри.

– Протоколите очигледно е дека не го решија проблемот. Годинава, децата беа под стрес бидејќи беа ставени во големи простории, но повеке би акцентирал на тоа дека во одредени училишта децата беа на некој начин исплашени. Треба да се има попозитивен однос кон нив, рече Димовски.

Она од каде можеби би требало да се почне, според Димовски, е да се размисли да бидат платени тестаторите со што се согласи и директорката на ДИЦ посочувајќи дека во законот за средно образование, што не е донесен, има одредба во која се предвидува овие лица да бидат платени.

– Ако ДИЦ имаше буџет да плаќа тестатори, секако ќе ги плаќаше тестаторите, посочи Михајловска, додавајќи дека ова не може да биде оправдување и некои наставници да ги натера да си ја вршат работата, а некои не.

Во сабота, на 8 јуни, матурантите ќе го полагаат вториот (изборен) екстерен испит.

Tags: матурапрепишувањеученици
Next Post
"Nationalism - Follow me!" - Editorial cartoon by Tiwwat Pattarakulvanich a.k.a 'Mor' - Bangkok Post, June 30, 2008

Парламент со апсолутно мнозинство од националисти и радикали

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk