ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска објави кандидатура за претседател на СДСМ: Партијата да се исправи и да продолжи по патот на идеологијата

June 5, 2024 13:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Поранешната министерка за одбрана и сегашна пратеничка Славјанка Петровска, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.

„Денес после 24 години активно членство во СДСМ, врз основа на повикот за самокандидирање, ја имав таа чест и привилегија да ја поднесам кандидатурата за претседател на СДСМ и заедно со пријавата секако го поднесов и Манифестот за социјалдемократијата. Тоа е мојата програма, во којашто се осврнувам на тоа што треба да бидат итни приоритети на новото раководство на СДСМ по големиот пораз којшто го доживеавме на овие избори.

Иако СДСМ во минатото доживувал и порази и победи исто така, овој пат е ситуацијата навистина специфична, особено имајќи ги предвид политичките околности во државата и на ниту една држава особено не на Северна Македонија не и треба слаба опозиција, или никаква опозиција. Затоа предизвик сериозен е пред сè и над се, СДСМ да се исправи, да продолжи по патот на идеологијата на СДСМ, и што е најважно да биде цврста и силна опозиција, за да можеме на таков начин да го гарантираме и патот на Република Северна Македонија.

Периодот што претстои се разбира ќе го искористиме заедно со сите кандидати кој ќе бидеме потврдени за наше претставување пред членовите на СДСМ кои на непосредни избори ќе го дадат својот глас, меѓутоа и доколку бидам избрана, овој период многу кус што е пред нас, за којшто очекувам дека и новата влада ќе има одредена динамика, ќе треба пред сè да ги консолидираме внатрешните редови, во дел од програмата набројувам итни приоритетите што треба да ги направиме а кој се однесуваат и на избор на ново раководство согласно критериуми и принципи кои ќе бидат одлика на СДСМ.

Иако доживеавме пораз, убедена сум дека социјалдемократијата и идејата за социјалдемократијата е жива исто како што е жива и надежта и вербата дека СДСМ повторно ќе се исправи и повторно ќе победи“, истакна Петровска.

Tags: СДСМСлавјанка Петровска
Next Post

Угостителските услуги во мај поскапи за 5.0 % во споредба со истиот месец ланни

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk