ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европски избори: Наезда на радикалите

June 10, 2024 12:32
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ноќта на 9 јуни беше напната и тешка за Европа – соочена со вистинска наезда од радикалните политички сили. Крајно десничарските партии освоија околу 150 од 720 места во Европскиот парламент. Ксенофобија и антимигрантски политики, радикален национализам, евроскептицизам, противење на помошта за Украина, авторитарно наспроти демократско владеење – се главните одлики на крајната десница што бележи подем на европските избори оваа година.

Во Франција, партијата Ренесанса на Емануел Макрон беше поразена од Националниот собир (НР) на Марин Ле Пен. Францускиот претседател реагираше со одлука да го распушти собранието и закажа брзи избори што ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули. Неговата одлука се толкува како многу ризична и потсетува на шпанскиот премиер Санчез кој повика на предвремени избори откако неговата партија изгуби на локалните избори во 2023 година.

Имаме и македонски примери за импулсивни политички одлуки, како онаа на Зоран Заев кој повика на предвремени избори по француското вето на почетокот на ЕУ преговорите. А потоа поднесе оставка на премиерската функција по катастрофалниот пораз на СДСМ на локалните избори (!) во 2021 година.

Европските избори се извонредно комплексни и значајни, а секако и меѓу најголемите изборни операции во светот. Порастот на крајната десница беше очекуван, иако предизвика и неколку горчливи изненадувања. Освен поразот што го преживеа Макрон, тежок удар доживеаја и партиите на владејачката коалиција во Германија.

Според пласманот во Европскиот парламент, Алтернатива за Германија (АФД) стана втора најголема политичка сила со 16% освоени гласови и скок од 5% во однос на изборите во 2019 година. Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ освои 30%. Германските социјалдемократи со неполни 14% бележат најголем изборен неуспех во својата историја. И нивните коалициони партнери, Зелените, со неполни 12% бележат драстичен пад. Најмалиот коалиционен партнер во германската влада, Слободните демократи (ФДП), добија околу 5% од германските гласови. Да не одам понатаму со редење на податоците за Австрија, Италија и други ЕУ земји, за ова четиво да не биде премногу депресивно…

Во секој случај, конзервативците на Европската народна партија, особено во Германија, удобно се сместија на првото место на европските избори. Оваа година, вистинските губитници се политичките опции на центарот и умерената левица. Дел од гласачите ширум ЕУ, а особено во најголемите и најбогатите демократии, кои во претходните изборни процеси својата доверба им ја давале на демократските партии, сега се свртеа кон радикалната десница. Македонските гласачи отидоа и подалеку. Голем број гласачи на прогресивните политички опции во минатото, сега се свртеа кон ултранационалистите.

Сепак, не е сѐ толку црно. Европските гласачи, сепак, сакаат „силна Европа“ како што рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен, чија Европска народна партија освои најголем дел од местата во Европскиот парламент. Од друга страна, свртувањето во десно не се гледа само во бројот на освоените места, туку и во заострувањето на реториката на голем дел од умерените политичари.

На работ на трговската војна со Кина и во период кога рускиот агресор е во офанзива во Украина, ЕУ е исправена пред големи ризици и неизвесност. Европа добива парламент во кој антидемократски сили ќе бидат во позиција битно да влијаат врз најважните социополитички прашања на континентот и многу пошироко.

Исходот од европските избори секако ќе има специфично влијание врз американските избори во ноември. За влијанието врз македонските (не)прилики и да не говориме. Ако не се деблокираат клучните процеси, може засекогаш да се збогуваме од европската иднина на „нашата земја“, како што би рекла Јагода.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Гаши да се извини!

Next Post
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Совршено невреме

НАЈНОВО

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

Државен секретар на Унгарија: Националната консултација се однесува на тоа колку пари остануваат кај луѓето

November 5, 2025

Хакери од „NoName057“ ги нападнаа веб-страниците на белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk