ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судскиот совет усвои нова комуникациска стратегија, согласно препораките на Оценската мисија на ЕУ

June 10, 2024 12:20
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет на денешната 490-та седница ја разгледа и едногласно усвои новата Комуникациската стратегија на Судскиот совет на Република Северна Македонија и судовите на Република Северна Македонија (2024-2028) со Акционен план.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева посочи дека со новата стратегија се исполнуваат четири од препораките нотирани во Извештајот на оценската мисија, како и дека е усогласена со Националните развојни политики и претставува подетално разработен дел од Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-28 и, истата е компатибилна со заложбите за отворено судство.

–          Со усвојување на еден ваков значен документ, значи дека ќе се усвојат високи европски стандарди за комуникација на сите нивоа на судството, почнувајќи од Судскиот совет, изјави Дамева.

Комуникациската стратегија, посочи Дамева, ги нотира сите активности што во наредниот период треба да се преземат од Судскиот совет и судовите за јавноста да има пристап до навремени и разбирливи информации во врска со процесот на донесување одлуки во судството.

-Судиите мора и треба да бидат потранспарентни со медиумите, истото се однесува и на Судскиот совет, бидејќи одлуките судиите сепак ги носат во име на граѓаните и нашата работа е во име на граѓаните, а едно од основните права е правото на граѓаните да бидат информирани, изјави Дамева.

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, посочи дека комуникацијата со јавноста, граѓаните, медиумите и граѓанските организации има голема улога за заштита на интегритетот на судиите, но и во заштита на судството од надворешните влијанија,  и од тие причини сите заложби за отчетност се засновани врз владеење на правото и во тоа, како што нагласи, е суштината на комуникациската стратегија – без јавност не може да има квалитет на постапување и одлучување.

–          Од големо значење е што за комуникациската стратегија имаше инклузивен процес во кој што Врховниот суд даде придонес во кој делови треба да има подобрување. За примената на оваа стратегија потребно е да се има мотив и волја, бидејќи транспарентноста дава огромен и незаменлив придонес за угледот на судството и општо за целосната перцепција, нагласи Адеми.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Избори ЕП: Во Хрватска најмала излезност, најголема во Белгија

НАЈНОВО

Скриншот

Договорено примирје меѓу Авганистан и Пакистан по разговорите во Катар и Турција

October 19, 2025

Народен правобранител: Бесплатна линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 19, 2025

„Хуморот е кисел, балканската реалност непроменета“ – „Hароден пратеник“ на МНТ со овации во Брчко

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk