Без електрична енергија денеска ќе останат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Како што појаснуваат, добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ (Stop & Go) во Момин Поток, општина Карпош.
Додека во општина Центар, од осум до 14.30 часот, без струја ќе останат делови од булевар „Партизански одреди“, од раскрсница со улицата „Ленинова“ кон раскрсница со булеварот „Климент Охридски“, дел од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Пиринска“.