ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Шест клучни поенти од мировниот самит во Швајцарија: Зошто праведен мир за Украина значи и мир за светот

June 17, 2024 10:47
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Глобалниот мировен самит за мир за Украина што се одржа во Швајцарија 15-16 јуни, има големо значење најмалку по шест основи.

Пред сѐ, од Самитот произлезе заедничко коминике со поддршка од високите претставници и лидери од 80 држави во светот. Кои се шесте клучни поенти од овој Самит?

1. МЕЃУНАРОДНО ПРАВО: Државниците од целиот свет инсистираат на почитување на меѓународното право, во прв ред, Повелбата на Обединетите нации и резолуциите A/RES/ES-11/1и A/RES/ES-11/6. Ова инсистирање на основните меѓународни правни документи укажува на тоа дек Русија ги прегази фундаментите врз кои почива светскиот поредок по Втората светска војна. Меѓународното право мора да се врати, а тоа може да се постигне само со постигнување и воспоставување на траен и праведен мир за Украина, но и одговорност на Путин и неговата клика за бруталната агресија, воените злосторства и уништувањето невидено од крајот на Втората светска војна наваму.

2. ГЛОБАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Учесниците на Самитот за мир се согласни околу фактот дека руската агресија „продолжува да предизвикува големи човечки страдања и уништување и да создава ризици и кризи со глобални последици за светот“. Сите ставови изнесени за време на Самитот за мир, како и во документот што го поддржаа 80 од 100 земји што учествуваа, неизбежно се однесуваат на целиот свет, а не само на Украина.

3. ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ: Најважната определба околу која се согласуваат државните лидери од 80 земји што го поддржаа Заедничкото коминике е таа што упатува на почитување на „територијалниот интегритет или политичка независност на која било држава, принципите на суверенитет, независност и територијален интегритет на сите држави, вклучително и Украина, во нивните меѓународно признати граници, вклучувајќи ги територијалните води“. Со ова се истакнува принципот на неповредливост на меѓународно признатите граници на Украина, што значи и териториите окупирани од Руската Федерација во 2014 година. Тоа е една од најважните точки на Формулата за мир на украинскиот претседател Зеленски.

Учествуваа претставници од 100 држави во светот. Беше усвоено заедничко коминике кое се совпаѓа со главните поенти на Формулата за мир на украинскиот претседател Зеленски. Пораките од Самитот се јасни и недвосмислени.

4. НУКЛЕАРНА ЗАКАНА: Светот уште еднаш ја согледува огромната опасност од злоупотребата на нуклеарните постројки како закана за нуклеарната безбедност на светот. Имајќи предвид дека руските агресори во текот на целата војна уценуваат и се закануваат со безбедноста на најголемата европска атомска централа во Запорижжија, оваа закана е повеќе од реална и се однесува на нуклеарната безбедност на цела Европа, па и пошироко. Во одговор на руските закани со нуклеарно оружје, учесниците на мировниот самит рекоа дека се неприфатливи. Токму така, нуклеарната закана од Москва е неприфатлива за 80 држави во светот. Треба да им се упати прашање на тие што изостанаа со поддршка на заедничкото коминике, како и оние што не учествуваа на Самитот воопшто: Дали ги сметаат руските нуклеарни закани за прифатливи и како тоа им го објаснуваат во јавноста во тие земји.

5. РАЗОРУЖУВАЊЕ НА ХРАНАТА: Украина е една од најголемите светски житници. Светот веќе трета година сведочи за руската воена агресија и окупација, постојано бомбардирање на цивилна инфраструктура, блокада и напади врз цивилните морски пристаништа и другите транспортни рути, како и напади врз комерцијалните бродови за транспорт на житните култури. За бесрамното крадење на украинското жито што го спроведуваат руските агресори на окупираните подрачја и да не говориме. Украина се соочува со катастрофални последици од вооружувањето на храната уште од самиот почеток на инвазијата во 2014 година, но тоа светот не успеа да го согледа до почетокот на целосната инвазија во 2022 година. Но тоа е веќе минато. Светот ги отвори очите. На Самитот, оваа ситуација се констатира и се оценува како неприфатлива. Наспроти вооружување на храната, светот тргнува во акција за нејзино разоружување.

6. ВРАЌАЊЕ НА КИДНАПИРАНИТЕ ДЕЦА И ЗАРОБЕНИЦИТЕ: Речиси 20.000 украински деца се киднапирани и депортирани во Русија и во окупираните територии. Само 388 деца се вратени досега, но и тоа е доволно да согледа ужасот на оваа геноцидна операција што ја спроведува Кремљ. Сведоштвата на вратените деца го обиколија светот, а Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Владимир Путин и неговата истомисленичка, детскиот омбудсман, Марија Алексеевна Лвова-Белова. На 8 декември 2023 година се одржа Инаугуративна средба на меѓународната коалиција на држави во акција за враќање на украинските деца депортирани од рускиот агресор. ЦИВИЛ беше меѓу првите во светот што објави вести од овој настан. Истото се однесува и на воените заробеници, како и на сите цивили кои се незаконски приведени и депортирани. Сите мора да бидат вратени во Украина.

Најважно од сѐ – сите аспекти на војната и сите аргументи за праведен мир за Украина, значат и мир за светот.

На крајот, важно е да се разбере дека, наспроти обидите за дискредитација и намалување на значењето на овој меѓународен политички и дипломатски настан, и квази анализите за тоа дека не учествувале некои клучни актери на глобалната сцена, фактите го говорат спротивното. Учествуваа претставници од 100 држави во светот. Беше усвоено заедничко коминике кое се совпаѓа со главните поенти на Формулата за мир на украинскиот претседател Зеленски. Пораките од Самитот се јасни и недвосмислени.

И најважно од сѐ – сите аспекти на војната и сите аргументи за праведен мир за Украина, значат и мир за светот. Без праведен мир за Украина, меѓународниот правен поредок ќе биде уништен, а со тоа и стабилноста и мирот на сите земји во светот, многукратно ќе се зголемат нуклеарните закани, а светската економија ќе доживее тешки потреси од кои најмногу ќе страдаат сиромашните и земјите во развој. Големи и моќни држави што се одметнале или ги злоупотребуваат меѓународните институции, како што тоа го прави Русија, ќе се однесуваат разбојнички, ќе го уништуваат или ограбуваат националното богатство на помалите земји, и ќе сеат терор низ светот. Одговор на сето тоа се Формулата за мир на Зеленски и решителната акција на светот.

Останува лидерите што беа на Самитот за мир да ги одржат своите ветувања, а на оние што не беа, да објаснат пред својата јавност и пред историјата – зошто не го сториле тоа.

Преземено: Цивил Медиа 


Текстот е личен став на Авторот | CIVIL TODAY 

Next Post

Меси одбил понуда на Ал-Хилал која можеше да му донесе 1,4 милијарди евра

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk