ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

За една година – 234 претставки за хакирани профили или уцени преку социјални мрежи

June 18, 2024 12:13
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за заштита на лични податоци лани примила претставки од граѓани кои се однесуваат на лажни профили, за хакирани профили, неовластено објавување на туѓи фотографии и видео снимки на туѓи профили на социјални медиуми, како и претставки кои што се однесуваат за навреда, клевета и уцени, пишува Вистиномер.

Во 2023 година, Агенцијата за заштита на лични податоци примила 234 претставки од граѓани кои се однесуваат на социјалните мрежи, покажува Годишниот извештај на оваа институција.

Според причината за пријавување, најкарактеристични се претставките од физички лица кои се однесуваат на лажни профили, понатаму за пробиени (хакирани) профили, претставки кои се однесуваат за неовластено објавување на туѓи фотографии и видео снимки на туѓи профили на социјални медиуми, злоупотребени лични податоци, злоупотребена е-маил адреса, откривање на сторител, како и претставки кои што се однесуваат за навреда, клевета и уцена преку интернет.

Според податоците, 115 претставки се однесуваат за лажни профили, додека пак 8 претставки се однесуваат за пробиени (хакирани) профили.

Од вкупниот број претставки 10 се за повреда на правото на заштита на личните податоци на деца на социјалните мрежи.

Според социјалната мрежа на која се однесуваат претставките, најголемиот број се однесуваат на Фејсбук (Facebook), Инстаграм (Instagram), ТикТок (TikTok) и дополнително одреден број од претставките се однесуваат на Снепчет (Snapchat), Онлифенс (Onlyfans), Јаху (Yahoo) и Гугл (Google).

Меѓу останатото, во текот на 2023 година Агенцијата извршила 36 вонредни супервизии по поднесени барања за прекршувања на Законот за заштита на личните податоци од страна на физички лица. Шест од овие супервизии биле поведени во едно од финансиските друштва за давање на онлајн (брзи) кредити.

„Во сите случаи подносителите се жалеа дека контролорот-финансиското друштво за издавање на брзи кредити одобрило онлајн кредит без притоа истите да поднесат барање за кредит, односно одобрило кредит на други лица кои ги употребиле нивните лични податоци со користење на телефонски броеви кои не се нивни и без притоа да им се утврди идентитетот при поднесување на барањата за кредит“, се вели во Годишниот извештај.

Во два од шест случаи одобрувањето на кредит било направено преку кредитен посредник (онлајн продавница). Во сите случаи супервизорите утврдиле прекршување на Законот за заштита на личните податоци, односно утврдиле дека контролорот незаконито обработува лични податоци за подносителите, бидејќи не прикажува на кој начин ги собрал нивните лични податоци, а кои биле употребени во барањето за кредит, врз основа на кои биле склучени договорот за кредит, со што контролорот постапил спротивно на одредбите од законот.

За четири случаи биле поднесени тужби за поведување на управен спор до Управниот суд на Република Северна Македонија. Во сите случаи Управниот суд донел пресуди со кои ги потврдил решенијата на Агенцијата.

Во Годишниот извештај поднесен до Собранието се вели дека предизвик за Агенцијата останува недостатокот на обучен и стручен кадар кој располага со знаења од областа на заштитата на личните податоци и посебно експерти од областа на информатичките науки кои се клучни за имплементација на легислативата за заштита на личните податоци

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

July 11, 2025

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk