Најмалку 29 лица починаа, а десетици се хоспитализирани откако конзумирале нелегално произведен алкохол во јужната индиска држава Тамил Наду, изјавија денеска официјални претставници за локалните медиуми.
Инцидентот се случил во областа Калакуричи каде што повеќе од 100 луѓе се лекуваат од труење со алкохол во различни болници.
Според лекарите, бројот на луѓе во критична состојба постојано се менува, што укажува на тоа дека може да се зголемат смртните случаи.
Официјален претставник на Х објави дека тие што го направиле тој алкохол се уапсени, а преземени се мерки и против службениците кои не ги спречиле.