Во најновиот извештај на германскиот Федерален завод за статистика се наведува дека децата на родителите кои имаат факултетска диплома имаат значително поголема веројатност да се стекнат со универзитетска диплома од децата на родителите кои немаат високо образование.
Меѓу возрасните чии родители имале или стручни квалификации или завршено средно образование, само 19 отсто се стекнале со универзитетска диплома. Стапката е уште помала односно 12 проценти за децата чии родители имале само сертификат за завршување на училиште или пониска квалификација. Додека 56 отсто од возрасните со барем еден родител кој се стекнал со универзитетска диплома и самите се здобиле со диплома.
Со извештајот се опфатени лица на возраст од 25 до 65 години и се заснова на податоци од 2021 година.
Извештајот, исто така, покажа дека разликите во образовното ниво на граѓаните на возраст меѓу 25 и 65 години биле очигледни и во однос на нивната имиграциска историја.
Во 2022 година, потомците родени во Германија од двајца родители имигранти имале помала веројатност да имаат високо образование (19 отсто) отколку луѓето без семејна историја на имиграција (25 проценти) и имале поголема веројатност да имаат ниски формални квалификации (23 отсто во споредба со 10 проценти).