ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево, експресниот пат Градско-Прилеп и браната Отиња се приоритет

June 21, 2024 09:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и предлог за министер за транспорт Александар Николоски вчера потенцираше дека трите проекти на кои ќе стави акцент по преземањето на функцијата се автопатот Охрид – Кичево, експресниот пат Градско – Прилеп и браната Отиња која, како што напомена, е исклучително важна за источниот регион.

– Граѓаните очекуваат одговори на две прашања и тоа – прво експресниот пат од Градско до Прилеп којшто ја поврзува Пелагонија и Централна Македонија со остатокот од државата и тоа е нешто во кое прво ќе имам увид. Втора работа, исто врвен приоритет, е автопатот Охрид – Кичево, кој со години е застанат и не се гради. Ќе видиме зошто е тоа така и што може да се направи. И трет приоритет е изградбата на браната Отиња којашто е исклучително важна за источниот дел на Македонија, рече Николоски за вестите на Канал 5 телевизија.

Во однос на договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10Д, Николоски посочи дека смета оти овој договор треба да се објави. Во однос на содржината на договорот, појасни дека институциите соодветно ќе го разгледаат и ќе се добие договор дали дополнително може да се преговара или разговара за дополнителни делници.

– Не знам по кој закон тој е класифициран како државна тајна. Во однос на содржината на договорот, кога ќе влеземе во институциите, соодветно ќе разгледаме и ќе видиме што може максимум Македонија да добие од овој договор. Дали дополнително може да се преговара или разговара за дополнителни делници што можат да се изградат надвор од овие коишто се веќе предвидени, како Македонија би добила повеќе километри автопати и експресни патишта кои што подобро би ги поврзувале граѓаните, рече Николоски.

Потенцираше дека ќе се обидат да оптимизираат во рамки на предвидените средства, граѓаните да добијат максимум од тоа што може да се извлече од овој договор.

– Државата веќе реализираше дел од обврските по однос на договорот, а сметам дека секој друг чекор би бил штетен за државата, затоа што се тоа веќе потрошени средства и треба сега да се извади максимумот, односно да се изгради максимум автопати и експресни патишта во рамки на договорот. Во однос на делот за надзор, веќе има иницијатива во соодветното Обвинителство и тоа треба да си каже како таму стои работата. Секако, доколку има наводи да се испрати тоа во судот и да судот донесе дали има или нема таму злоупотреба, истакна Николоски.

Во однос на Бугарија, потенцираше дека уставни измени под бугарски дикат нема да има и дека Бугарија треба да ги исполни своите обврски кон Европскиот суд за човекови права и да има гаранција дека нема да има следни вета.

-Во однос на Преговарачката рамка, кажано е дека никој од нас не бара промена на Преговарачката рамка. Ние бараме Бугарија да ги почитува своите обврски и второ, дека ние нема да направиме уставни измени под бугарски диктат. Ако ЕУ смета дека Македонија треба да преговара и да стане членка има многу механизми со кои може да ја натера Бугарија да го повлече ветото, ако смета дека не треба да преговараме, тогаш нема да преговараме и ќе ја развиваме државата самостојно, изјави Николоски.

Tags: автопатБехтел ЕнкаНиколоски
Next Post

Се брише функцијата прв вицепремиер, ВЛЕН и со помалку од 300 директори?!

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk