ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Муцунски: Членството на земјите од Западниот Балкан во ЕУ е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста на Европа

June 24, 2024 18:16
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Цврсто верувам дека проширувањето на ЕУ е еден од најуспешните мировни проекти на европскиот континент што придонесува во градењето отпорни општества, а јасно е дека членството на земјите од Западен Балкан во Унијата претставува т.н. геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на континентот како целина, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето на средбата на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ и на земјите од Западниот Балкан што се одржа во рамки на европскиот Совет за надворешни работи (ФАК).

Муцунски во обраќањето ја истакна посветеноста на новата Влада за забрзување на темпото на реформските постигнувања што водат кон остварување на зацртаната цел – што поскоро членство на земјата во ЕУ.

Во контекст на актуелните светски случувања, Муцунски нагласи дека воената агресија на Руската Федерација против Украина е најитниот и најголемиот предизвик на европскиот континент, но и пошироко.

Според него, овој конфликт има големо негативно влијание и врз земјите од Западниот Балкан, што потенцијално отвора зона за можна дестабилизација на регионот.

– Нашата земја го задржува својот принципиелен став во однос на Украина кој го има заземено уште од првиот ден на почетокот на војната, осудувајќи ја бруталната агресија на Русија, како и давајќи недвосмислена поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, истакна Муцунски.

Според шефот на македонската дипломатија, земјава е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучувајќи ги и сите рестриктивни мерки воведени од страна на ЕУ кон Русија, а во исто време и дава политичка, хуманитарна и воена поддршка на Украина.

Како што соопшти МНР, на состанокот беше повторена заемната заложба за натамошна поддршка на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како споделена стратешка цел и гаранција за безбедноста.

Муцунски ќе присуствува и на аудиенција кај луксембуршкиот голем војвода Анри, а на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи и надворешна трговија на Луксембург, Ксавие Бетел и на работна вечера со министрите за надворешни работи од членките на ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Утре, министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе престојува во Брисел каде ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а потоа ќе има и средби со високи претставници на Европската Унија.

Tags: ЕУМуцунски
Next Post

Општина Аеродром без вода поради дефект на водоводната мрежа во близина на ТЦ Лиса во Реонски Центар Аеродром

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk